„Работи кои реков дека нема никогаш да ги направам како родител, a сега ги правам“

„Велев дека никогаш јас нема да ја користам фразата ‘Затоа што јас кажав така’ и наместо тоа секогаш ќе им објаснувам сè на моите деца. Но, по 3-4 пати објаснување на истите работи, навистина се уморувам и ја користам оваа фраза“.

raboti-koi-rekov-deka-nema-nikogash-da-gi-napravam-kako-roditel-a-sega-gi-pravam-01.jpg

Дали кога ќе видите дете кое плаче и вреска во јавност, веднаш си помислувате дека тоа е вина на родителите и лошото воспитување од нивна страна?

Ако е така, тогаш најверојатно ќе го промените своето мислење кога ќе станете родители и вие самите.

Луѓе на Редит споделуваат вакви искуства.

Искуства на тема „Работи кои реков дека нема никогаш да ги направам како родител, a сега ги правам“:

„Како гледав порано на тантрумите и врескањето на децата на јавни места? Си мислев дека ако не знаат како треба да се однесуваат децата на јавни места, тогаш родителите не треба да ги носат таму.

Но, како родител сфатив дека единствениот начин да ги научиш децата како да се однесуваат на јавни места е да ги однесеш таму“.

raboti-koi-rekov-deka-nema-nikogash-da-gi-napravam-kako-roditel-a-sega-gi-pravam-02.jpg

„Велев дека никогаш јас нема да ја користам фразата ‘Затоа што јас кажав така’ и наместо тоа секогаш ќе им објаснувам сè на моите деца.

Но, по 3-4 пати објаснување на исти работи, навистина се уморувам и ја користам оваа фраза“.

raboti-koi-rekov-deka-nema-nikogash-da-gi-napravam-kako-roditel-a-sega-gi-pravam-03.jpg

„Кога ќе видев како родители го носат своето дете во фаза на тодлер, врзано со сигурносен ремен за деца, си мислев какви монструми го прават ова.

Сега, кога сум родител на тодлер, комплетно ги сфаќам зошто ги носат децата врзани со ваков ремен на јавни места“.

raboti-koi-rekov-deka-nema-nikogash-da-gi-napravam-kako-roditel-a-sega-gi-pravam-04.jpg

„Велев моите деца никогаш нема да јадат пица и нездрава храна.

Сега, имам деца кои се проблематични околу исхрана и да, го јадат тоа“.

raboti-koi-rekov-deka-nema-nikogash-da-gi-napravam-kako-roditel-a-sega-gi-pravam-05.jpg

„Велев дека моите деца нема да гледаат ништо на eкрани и само ќе кажам ха-ха-ха. Давањето телефон/таблет понекогаш ме спасува од вистинско лудило“.

raboti-koi-rekov-deka-nema-nikogash-da-gi-napravam-kako-roditel-a-sega-gi-pravam-06.jpg

„Тврдев дека моето дете никогаш нема да спие на спална со мене, туку во своето креветче.

Но, доење, будење на секои 2 часа, станување и легнување од креветот и сфатив дека јас не го можам тоа. По толку бессони ноќи, го избрав полесниот пат – да спие до мене“.

raboti-koi-rekov-deka-nema-nikogash-da-gi-napravam-kako-roditel-a-sega-gi-pravam-07.jpg

„Ги осудував родителите кои гласно ги воспитуваат децата во јавност, но сега ги сфаќам, понекогаш е неопходно“.

raboti-koi-rekov-deka-nema-nikogash-da-gi-napravam-kako-roditel-a-sega-gi-pravam-08.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Јас сум разведена мајка на 2 деца - не сакам да ги гледам секој ден и тоа не ме прави лош родител“ „Зошто воопшто си раѓала деца?“ – ја напаѓаат Луси Паркер (35) од Велика Британи...
7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...
25 позитивни фрази кои секој родител треба да им ги кажува на децата пред спиење „Раскажи ми за својот ден, сакам да слушнам како си помина“, „Ме расположуваш се...
До бабите и дедото што откажуваат планови и ни го чуваат детето како свое – ви благодарам Писмо до нашите родители - до бабите кои скришно ги откажуваат закажаните планов...
Тешко е да живеете во брак кај што сте повеќе мајка отколку сопруга На жената ѝ треба алфа мажјак. Не ѝ треба маж кого ќе го влече наоколу како дете...
„Не сакав да имам дете во 20-тите години и да си го сменам животот од корен, станав родител подоцна“ „Луѓето претпоставуваат дека се каам што станав родител на подоцнежни години, но...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg