3-годишно девојче кое ќе ви одржи животна лекција
Малата Емили не е обично 3-годишно дете кое единствено размислува за играчките и фустанчињата. Таа на само 3 години свесно одлучува да ја скрати својата долга коса и да ја испрати на децата заболени од рак кои ја изгубиле.
Идејата ѝ ја предложиле нејзините родители кога ѝ покажале фотографии од болните дечиња без коса, објаснувајќи ѝ дека од нејзината коса може да биде изработена перика која убаво ќе му стои на некое болно девојче, а со тоа ќе биде посреќно.
Емили сериозно го сфатила тоа и со задоволство прифатила да помогне на некое детенце кое може да биде нејзино другарче, иако не го познава лично. Имала само еден услов, пред да ја скратат нејзината коса, да ја скратат прво косата на нејзината кукла Доли.
По стрижењето во салонот кај нејзиниот чичко Метју, Емили и Доли имале нови модерни фризури, а скратените прамени спакувани ги испратила до болницата каде се лекуваат болни деца од рак.
Погледнете ја целата приказна во видеото: