Низ илустрации: Како да ја воспитате ќерката за да биде независна и одговорна личност?

Научете ја уште од најмали нозе да се грижи за себе и за сопствените обврски, дозволете сама да се избори со сопствените проблеми. Како да ја воспитате ќерката, за да стане независна и успешна личност?

kako-da-ja-vospitate-kjerkata-za-da-bide-nezavisna-i-odgovorna-lichnost-niz-ilustracii-01.jpg

Во минатото девојчињата биле воспитувани да молчат и да се покоруваат на мажот, на свекрвата и на семејството, па затоа на жените што израснале во таква патријархална средина денес им е многу тешко да ги воспитаат своите ќерки на начин што соодветствува на модерното време.

Во време кога телесната убавина се става во преден план, а се занемаруваат другите морални вредности, одгледувањето ќерка може да биде вистински предизвик.

Во продолжение издвојуваме неколку совети што ќе им бидат од помош на сите родители коишто имаат ќерка, а сакаат од неа да создадат личност којашто истовремено ќе биде независна и одговорна.

Барајте од ќерката да ви помага околу домашните обврски

Децата треба од најмали нозе да се учат да помагаат околу домашните обврски, без разлика дали станува збор за синови или ќерки.

Фрлањето на ѓубрето, миењето садови, шетањето на кучето, помошта околу средувањето на испраната облека се некои од обврските што може од најмала возраст да ги научат децата да бидат одговорни.

Ако ги терате да се вклучуваат во домашните обврски вие ќе ги научите дека не е важно само да се учи, туку дека има и други обврски што мора да се завршат.

kako-da-ja-vospitate-kjerkata-za-da-bide-nezavisna-i-odgovorna-lichnost-niz-ilustracii-02.jpg

Внимавајте на комплиментите

Често зборуваме дека внатрешната убавина на личноста е поважна од надворешната, но девојчињата, за жал од најмала возраст прво добиваат комплименти за убавината, а потоа за тоа што го прават.

Наместо да давате комплименти за изгледот, обидете се прво да ги пофалите нејзините постигнувања.

Тоа не значи дека не треба да ѝ кажете на ќерката дека е убава, но таквите комплименти треба да следуваат дури откако ќе ја пофалите за она што е поважно – за трудот што го вложила за да постигне некој успех, за напорното учење, за скромноста…

kako-da-ja-vospitate-kjerkata-za-da-bide-nezavisna-i-odgovorna-lichnost-niz-ilustracii-03.jpg

Дозволете ѝ да го каже сопственото мислење

Обично ќерките ги учиме дека „добрите девојки“ треба да ги слушаат родителите, да ја наведнат главата и да си премолчат. Но, дали секогаш родителите се во право? Понекогаш и тие може да згрешат и нема потреба децата да ги учите дека сте безгрешни, само затоа што сте повозрасни.

Тоа не значи дека треба девојчето да го научите на секое барање да одговара со „не“, туку да знае да го каже сопственото мислење без да се плаши.

Со тоа ќе ѝ помогнете и во иднина кога ќе треба да изгради кариера да не се плаши да ги изнесува сопствените ставови и да се спротивстави таму каде што има потреба од тоа.

kako-da-ja-vospitate-kjerkata-za-da-bide-nezavisna-i-odgovorna-lichnost-niz-ilustracii-06.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...
Ги оптоваруваме со финансиските проблеми, очекуваме премногу од нив – Најчести грешки што ги правиме... Децата не се бесплатни бебиситери, ниту пак се наше рамо за плачење. Кои се најч...
„Жртвував сѐ за да бидам добра мајка, сега на 55 години се прашувам дали воопшто вредеше“ „Ја жртвував сопствената кариера за да бидам тука за децата и сакам да верувам д...
Мајка стана мета на критики: „Моите деца минуваат и 10 часа дневно пред екран – како да имаме беспла... Мајка од Англија се соочи со критики, откако откри дека им дозволува на децата д...
„На роденденот на ќерка ми дојдоа само 2 деца, а се најавија 10 – Родители, бидете поодговорни“ „Десет родители ни кажаа дека нивните деца ќе дојдат и бидејќи бевме во игротека...
„Наплаќам за да се грижам за внуците – заработив 25.000 евра, но ќерка ми мисли дека сум себична“ „На 65 години, веќе заморно е да се грижам за седум внуци. А, овде се и финансис...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg