Низ илустрации: Како да ја воспитате ќерката за да биде независна и одговорна личност?

Дозволете ѝ сама да избере што сака

Многу е важно детето од мали нозе да го научите да донесе правилни одлуки, за да не се соочува со големи проблеми кога ќе порасне.

Секогаш кога има можност, обидете се на ќерката да ѝ дадете можност да направи избор и сама да одлучи што сака.

Тие може да ја изберат бојата на фустанот што им го купувате, што да им дадете за појадок, а кога ќе потпораснат и какви вонучилишни активности сакаат да посетуваат.

Да, веројатно е да се откажат од голем број од овие активности, но подобро е барем еднаш да пробаат да направат нешто и сами да се откажат, отколку цел живот да се прашуваат дали згрешиле што воопшто не се обиделе.

kako-da-ja-vospitate-kjerkata-za-da-bide-nezavisna-i-odgovorna-lichnost-niz-ilustracii-05.jpg

Дајте ѝ шанса сама да се справува со сопствените проблеми

Наместо да ги решавате проблемите на ќерките, дајте им можност сами да се справат со нив. На тој начин не само што ќе ги научите да се подготват за животот како возрасна личност, туку и да преземат одговорност за сопствените одлуки.

Често родителите се премногу заштитнички настроени, па им ги пишуваат домашните на децата, одат во училиште за да „ги поправат оцените“, па дури и влегуваат во конфликт со наставниците, но на тој начин се случува да израснеме деца кои не преземаат одговорност за сопствените одлуки.

kako-da-ja-vospitate-kjerkata-za-da-bide-nezavisna-i-odgovorna-lichnost-niz-ilustracii-04.jpg

Читајте ѝ бајки

Да, знаеме дека во последно време често се коментира дека бајките прикажуваат застарени модели на воспитување, кои се преполни со архаични модели на однесување.

Но, бајките се поучни од повеќе перспективи, а ако им ги читате од најмали нозе, на тој начин ќе ги научите ќерките да ги засакаат книгите и науката воопшто.

kako-da-ja-vospitate-kjerkata-za-da-bide-nezavisna-i-odgovorna-lichnost-niz-ilustracii-07.jpg

Не ѝ ги рушете соништата

Ако вашата ќерка покажува интерес за одредено хоби, дајте ѝ можност да се занимава со тоа. Не мора да биде експерт за сите области, туку во онаа што ѝ се допаѓа.

Наместо да давате забрани и да ѝ наметнувате кариера, обидете се на смирен начин да ѝ сугерирате што треба да прави и како да се однесува.

Мотивирајте ја да се развива и да се бори – да научи да верува во себе и во сопствените способности.

kako-da-ja-vospitate-kjerkata-za-da-bide-nezavisna-i-odgovorna-lichnost-niz-ilustracii-08.jpg

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

„Жртвував сѐ за да бидам добра мајка, сега на 55 години се прашувам дали воопшто вредеше“ „Ја жртвував сопствената кариера за да бидам тука за децата и сакам да верувам д...
Мајка стана мета на критики: „Моите деца минуваат и 10 часа дневно пред екран – како да имаме беспла... Мајка од Англија се соочи со критики, откако откри дека им дозволува на децата д...
„Наплаќам за да се грижам за внуците – заработив 25.000 евра, но ќерка ми мисли дека сум себична“ „На 65 години, веќе заморно е да се грижам за седум внуци. А, овде се и финансис...
7 правила за воспитување од нашите баби и дедовци што треба да се применуваат и денес Децата треба да си играат надвор и во ред е некогаш да им биде здодевно. Деца...
Македонска мајка со порака: „Знам колку е тешко родителството, но на децата не им се потребни екрани... „Не осудувам никој, знам колку може тешко и напорно да биде родителувањето некои...
Мајка од Велика Британија се жали: „Не е до децата, туку е до товарот да се излезе на крај со сите о... „Не е до децата... До притисокот да се одржи домаќинството е. Да се пронајде бал...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg