„Одам на работа, се грижам за децата, чистам, а сопругот не прави ништо – решив да се разведам“

„Работам со полно работно време и јас правам сè. Јас готвам, јас го чистам тоалетот, правам ручеци, правам појадоци, ја косам тревата. Буквално правам сè, а тој само мие садови еднаш дневно“, вели жена која одлучила да се разведе по две години брак, истакнувајќи дека овие проблеми се честа причина зошто сопругите ги напуштаат сопрузите.

odam-na-rabota-se-grizham-za-decata-chistam-a-soprugot-ne-pravi-nishto-reshiv-da-se-razvedam-01.jpg

Иако денес жените имаат многу повеќе права отколку во минатото, факт е дека рамноправноста не постои во сите домови.

Бројни жени кои работат со полно работно време се и домаќинки и мајки, бидејќи нивните партнери не мрдаат со прст за обврските низ домот.

Разбирливо, сè помалку жени го толерираат ова однесување, а тоа многу добро го прикажува и искуството на една тиктокерка.

odam-na-rabota-se-grizham-za-decata-chistam-a-soprugot-ne-pravi-nishto-reshiv-da-se-razvedam-02.jpg

Тиктокерката, чие вистинско име не е познато, а на ТикТок е потпишана како The soon to be ex wife, била во брак две децении и со партнерот имаат две деца.

Но, во видео кое веќе има над два милиона прегледи, таа открива зошто се одлучила за развод.

Жената истакнува дека работи со полно работно време, но сопругот не ѝ помага за ништо.

Па, со надеж дека ќе им покаже на мажите зошто сопругите ги напуштаат, таа го споделува мигот што ја „прелил чашата“:

„Сакав накратко да откријам зошто се разведувам. Па, за мажите кои го гледаат ова, да знаат што да не прават.

Вчера бев на работа цел ден, го зедов едното дете од училиште, пазарев за дома, го зедов другото дете од училиште, си дојдов дома. Децата сакаа ужина – им направив. Децата сакаа да си играат надвор – си игравме надвор.

Потоа тој (сопругот) си дојде дома од трчање. Изеде цела амбалажа боровинки кои само што ги купив за ручекот на децата, па ме праша што има за вечера. Му реков дека не знам бидејќи децата јадеа ужина и уште не се гладни.

odam-na-rabota-se-grizham-za-decata-chistam-a-soprugot-ne-pravi-nishto-reshiv-da-se-razvedam-06.jpg

Ми рече ’добро‘ на саркастичен начин. Имајте на ум, последниот пат кога тој готвеше – ретко готви, а кога готви, морам да му кажам што да прави – последниот пат кога готвеше беше гневен како мало дете. Потоа, кога сфати дека заборави една состојка, сакаше да удри со бокс во ѕидот.

На ѕидовите во нашите претходни домови имаше многу дупки од неговите тупаници, вклучувајќи и огромна дупка што ја направи кога фрли огромна амбалажа млеко.

Како и да е, едното дете конечно огладне. Па, понудив да направам палачинки бидејќи се прават брзо, а веќе беше доцна. Тој го виде тестото за палачинки, виде дека е со пченично брашно и почна да се жали. Рече нема да ги јадел.

Јас сум возрасна личност која прави палачинки за моите деца. Па да, секако дека има пченично брашно во смесата.

odam-na-rabota-se-grizham-za-decata-chistam-a-soprugot-ne-pravi-nishto-reshiv-da-se-razvedam-04.jpg

Потоа, почна да се жали и рече дека нема да ги измие садовите бидејќи нема да јаде палачинки. Па, не мие садови ако не јаде.

Луѓе, единственото нешто што прави овој маж низ домот е повремено миење садови. Ако јас готвам, обично тој ги мие садовите. Јас готвам скоро секоја вечер. Но, еве го проблемот – тоа е сè што прави.

Јас готвам, јас го чистам тоалетот, правам ручеци, правам појадоци, ја косам тревата. Буквално оправам сè, а тој само мие садови еднаш дневно.

odam-na-rabota-se-grizham-za-decata-chistam-a-soprugot-ne-pravi-nishto-reshiv-da-se-razvedam-03.jpg

Како и да е, сето ова се претвори во смешна ситуација каде што тој се расправаше со мене и им рече на децата дека јас сум негативецот во приказната. Одлично што ги вмешуваш децата во нашиот развод.

Утрово ми се јави и ми рече дека синоќа изгубил контрола и дека треба да ги држиме децата настрана од разводот. Му реков во ред. Потоа ме праша колку е часот, јас му реков дека може сам да провери, не сум сигурна. Ме опцу и ми спушти.

Па, ова е мојот живот. И, ова е всушност подобар однос отколку пред да посакам да се разведеме. Сега се однесува подобро со мене“.

@littleoldme_myversion

Y’all I laughed when I realized he truly does treat me better now then when he was trying to be in a marriage with me. How is this better?? How did I ever think before was ok?? #toxicrelationship #divorce #mentalloadofmotherhood #divorcetok #divorceisanoption #chooseyou #mentalhealth #mentalload #fyp #mentalload #emotionallabor

♬ labour - Paris Paloma

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Јас имам совршен брак, но тоа не е брак во кој јас и маж ми не се караме“ „Со маж ми се расправаме, но ние не се задржуваме во таа лутина. Ние имаме жесто...
„Јас сум една од најлошите баби - зошто сум строга со внуците?“ „Знам да бидам дури злобна на моменти со внуците и луѓето ми велат дека сум прес...
„Јас сум разведена мајка на 2 деца - не сакам да ги гледам секој ден и тоа не ме прави лош родител“ „Зошто воопшто си раѓала деца?“ – ја напаѓаат Луси Паркер (35) од Велика Британи...
7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...
„Жртвував сѐ за да бидам добра мајка, сега на 55 години се прашувам дали воопшто вредеше“ „Ја жртвував сопствената кариера за да бидам тука за децата и сакам да верувам д...
6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg