4 причини зошто треба да го посетите Хајделберг, германскиот град со посебен шарм
Има забавни настани во секоја сезона и овде можете да пробате автентична германска храна од ресторани кои се отворени пред повеќе од еден век - неколку причини зошто треба да го посетите Хајделберг, германскиот град со посебен шарм.
На само 45 минути возење со воз од Штутгарт, се наоѓа малку поинаков, бајковит град што ги плени туристите низ целиот свет.
Се работи за Хајделберг, град на северот од германската провинција Баден-Виртемберг.
Хајделберг е познат по многу работи, особено по прекрасниот замок што се наоѓа над самиот град, а тука е и најстариот германски универзитет кој е отворен од 1386 година.
Неколку причини зошто треба да го посетите овој град:
Има настани во секоја сезона
Хајделберг е вистинска туристичка дестинација и како таков е полн со интересни туристички настани.
Ако го посетите градот во пролет, ќе можете да го видите познатиот фестивал на класична музика „Хајделбершка пролет“.
Во лето, традиционално се одржува фестивалот Heidelberger Schlossfestspiele, збогатен со бројни концерти, театарски претстави и визуелни спектакли, а има и вистински средновековен саем со повеќе од 40 изложувачи.
Ќе видите еден од најубавите замоци во Европа
Самиот замок е најголемата привлечност на Хајделберг. Замокот бил уништен со текот на времето од силни пожари и војни, а мал дел е обновен за туристите.
Ако сакате да пешачите, има точно 315 скалила до замокот, додека оние кои повеќе би сакале да го избегнат овој 10-минутен напор, можат да се возат со жичара.
Цената за посета на замокот е околу 5 евра, а работните часови на замокот варираат во зависност од сезоната.
Градот има прекрасна зоолошка градина
Ако сакате животни и природа, зоолошката градина во Хајделберг е за вас.
Лоцирана покрај бреговите на реката Некар, оваа зоолошка градина е дом на над илјада животни.
Ќе можете да пробате автентични германски специјалитети
Како и секоја друга туристичка дестинација, ќе најдете бројни ресторани и во Хајделберг - од локални до азиски. Но, додека сте во Германија, пробајте ги вистинските германски специјалитети.
Можете да ги најдете на секој агол. Добар избор е Schnitzelbank, позната туристичка дестинација што ги отвори вратите уште во 1882 година како вински бар. 110 години подоцна, се отвора ресторанот кој според многумина е најдобар во градот.
Ашера | Црнобело