Бајковита тура низ Европа - 10 замоци кои мора да ги посетите барем еднаш
Германија, Италија, Шпанија, па дури и земјите во регионот имаат замоци кои изгледаат како да се нацртани за некоја бајка. Дали сте посетиле некој од нив?
Скоро и да не постои девојче кое некогаш не си замислувало дека живее во замок каде што ќе дојде принцот на белиот коњ. Момчињата, пак, често сонувале да се витези или принцови кои ќе владеат со големите замоци.
Иако во светот има сè помалку кралеви и владетели кои градат замоци, некои од минатото постојат и денес и воодушевуваат со својата убавина.
Ќе ги погледнете на фотографија и навистина ќе ве потсетат на некое преубаво место од бајките.
Многу од овие бајковити (но и морничави) замоци се наоѓаат низ Европа.
Затоа ве водиме на „патување“ низ познатите европски замоци, кои, веруваме, ќе посакате да ги видите во живо барем еднаш во животот.
Ова се 10 замоци кои сигурно ќе сакате да ги видите:
Замокот на островот Лорето, Италија
Малиот остров Лорето се наоѓа во езерото Исео во Ломбардија, Италија.
А на него во 1910 година Винченцо Ришиери изградил прекрасен замок во нео-готски стил.
Бидејќи станува збор за приватен остров, посетителите немаат пристап до замокот, туку може да му се воодушевуваат оддалеку.
Нојшванштајн, Германија
Овој замок како да излегол од некоја од бајките на Дизни.
Изграден е ви 19 век на стрмен рид во близина на Хоеншвангау, по барање на кралот на Баварија Лудвиг Втори.
Денес е една од омилените туристички дестинација во овој дел од земјата.
Мон Сен Мишел, Франција
Овој волшебен замок во Нормандија се наоѓа на листата места кои се сметаат за светско културно наследство. Во 8 век бил манастир, а денес е позната туристичка атракција.
Оваа фасцинантна градба била инспирација за Питер Џексон да го креира имагинарниот град Минас Тирит за третото продолжение на филмот Lord of the Rings.
Замокот Бран, Романија
Во Европа е познат и како замокот на грофот Дракула, а причината за тоа е што е лоциран во Трансилванија, местото, каде што се верува, дека живееле (а можеби и денес живеат) вампири.
Изграден е во 1377 година, а денес е голема туристичка атракција.
Замокот Хоенвертен, Австрија
Овој средновековен замок е изграден во близина на Салцбург, Австрија. Со години тој бил кралски дом, но денес е во сопственост на градот и вистинска туристичка атракција.
А ако мислите дека ви е познат од некаде, сетете се дали можеби сте го виделе во сцена од познатиот филм The Sound of Music.
Уште 5 замоци на следната страница...
Би можело да ве интересира:





