Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Бајковита тура низ Европа - 10 замоци кои мора да ги посетите барем еднаш

Предјамски замок, Словенија

Овој интересен замок е делумно изграден во карпа, во селото Предјама во Словенија.

Замокот е изграден во 12 век, а денес е музеј кој привлекува бројни туристи од регионот.

Тракошчан, Хрватска

Овој дворец се наоѓа во Хрватско Загорје, а е во сопственост на државата.

Изграден е во 13 век како мала тврдина во времето на Загорското кнежевство, за да се контролира границата и важните патишта во околината.

Подоцна била изградена кулата, со што замокот прераснал во тврдина наменета за одбрана од огнено оружје.

Дворецот Пена, Португалија

Лоциран на врвот на планината Синтра во Португалија, дворецот Пена не наликува на ниеден друг замок.

Со живи и весели бои, изграден во романтичен стил, овој замок се смета за светско културно наследство и едно од седумте чуда во државата.

На барање на кралот Фердинанд Втори кој живеел во замокот, околу него е направена патека во вид на лавиринт, во која можете лесно да се загубите - но тоа ја прави посетата на ова место уште позабавна.

Бутрон, Шпанија

Се верува дека овој замок е изграден во средниот век, но во 1878 година е реконструиран, со што добил малку помодерен изглед, инспириран од баварските замоци.

Поради својот изглед како од бајка, ја импресионирал дури и Кејт Мидлтон.

Хоенцолерн, Геманија

Овој замок се наоѓа на околу 50km јужно од Штутгарт и е еден од најпосетуваните замоци во земјата.

Изграден е во 11 век во неоготски стил. Некогаш се користи како летен камп за деца, но интересно е и тоа што бил локација за снимање хорот филм.

А. Ј. | Црнобелo



Би можело да ве интересира:

„Охрид и уште 6 места низ Европа“ – Британки препорачуваат идеални дестинации за летување „Ако го посетите Охрид, не ја пропуштајте можноста да тргнете по патеката покрај...
Има само 7 куќи, нема сигнал за мобилен - Како изгледа животот во едно од најнеобичните села во свет... Селото е составено од 7 уникатни куќи - секоја има 5 нивоа, во конусна форма и ц...
Локал близу IKEA во Солун со коктел бар, плажа и детско игралиште - за со друштво или со деца (фото)... На излезот од Солун, во близина на IKEA се наоѓа Ergon Agora, уникатен локал кој...
„Песок мек како брашно, тиркизна вода“ – Најубавата плажа во Анталија, според српска патувачка блоге... „За да стигнете до плажата, морате да се спуштите по 200 скали, но вреди“ – вели...
7 причини зошто уште веднаш да се спакувате и да го посетите Лисабон Ќе се вратите низ времето со ретро трамвајот број 28, но и ќе ги вкусите најдобр...
Топ 8 европски дестинации, за патувачи кои ја сакаат зимата, а не скијаат Зимско бегство во Златибор, или уживање во луксуз во Цермат, Швајцарија, но и во...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg