Бели песочни плажи под Олимп - Неи Пори
Најјужното местенце во регионот Пиериа, на само 3 часа со автомобил од Скопје е Неи Пори. Ако сте во потрага по одмор од градскиот метеж и стресот, ова е вистинското место за вас. Сместено е во подножјето на планината на боговите – Олимп. Самото место се состои од нов и стар дел кои ги двои црква.
Она што е можеби најважно – плажата во Неи Пори е долга километри, пространа, со ситен бел песок. Постои можност да уживате во сонцето во некое од кафулињата кои нудат чадори и лежалки или да се сместите во пространиот дел на плажата во сопствена режија. Можност за играње одбојка, тенис и фудбал на плажа.
Морето во летниот период е топло и пријатно за капење.
Шеталиштето покрај морето е нанижано со ресторани, кафулиња, пекари, слаткарници, продавници, детски игралишта...
Одлично е и за фамилијарен одмор, но и за одмор со друштво.
Ако сте расположени за денски забави на плажа и одлична музика ви го препорачуваме Venus Beach Bar.
На само 3км (може и да одите пешки) e гратчето Платамона. За разлика од Неи Пори, Платамона има помала и тесна плажа, но затоа има бурен ноќен живот, па им го препорачуваме на младите за ноќно журкање.