9 активности кои можете да ги правите на Халкидики, за да немате пензионерски одмор

Кајакарење по тиркизните води во околината на островот Дијапорос, тргајќи од Вурвуру, или пак, крстарење со пиратски брод до третиот крак или до Сината лагуна, но и приватни тури со јахта за истражување недопрени убавини заедно со друштвото. 

9-aktivnosti-koi-mozhete-da-gi-pravite-na-halkidiki-za-da-nemate-penzionerski-odmor-01.jpg

Покрај убавите плажи и бич барови во местата низ Халкидики, доколку сакате неколку дена од одморот да направите нешто поразлично, време е за авантура.

На многу места низ Касандра и Ситонија се нудат разни тури со брод и други авантуристички активности кои може да ги пробате. 

Повеќето тури и активности кои се предложени на TripAdvisor се однесуваат за оние кои веќе се сместени на вториот крак, но има и неколку на првиот. 

Сепак, не мора да се држите до конкретните тури предложени во нашата листа, туку може да се инспирирате за типот на тура и да побарате слични, посоодветни на вашите потреби, финансиски можности и локацијата на местото каде што сте сместени. 

Погледнете неколку идеи во продолжение: 

Крстарење до планината Атос (разгледување од брод) и посета на островот Амулијани, со поаѓање од Уранополи

9-aktivnosti-koi-mozhete-da-gi-pravite-na-halkidiki-za-da-nemate-penzionerski-odmor-02.jpg

Крстарење до Сината лагуна со пиратски брод, со поаѓање од Ситонија или Касандра

9-aktivnosti-koi-mozhete-da-gi-pravite-na-halkidiki-za-da-nemate-penzionerski-odmor-03.jpg

Приватно крстарење со јахта низ Халкидики за цело друштво и уживање на места кои не се достапни со автомобил, со поаѓање од Ситонија

9-aktivnosti-koi-mozhete-da-gi-pravite-na-halkidiki-za-da-nemate-penzionerski-odmor-04.jpg

Изнајмете мало бротче и сами одвезете се до Сината лагуна од Вурвуру

9-aktivnosti-koi-mozhete-da-gi-pravite-na-halkidiki-za-da-nemate-penzionerski-odmor-05.jpg

Крстарење до Атос, разгледување на манастирите од брод и посета на селцето Уранополи

9-aktivnosti-koi-mozhete-da-gi-pravite-na-halkidiki-za-da-nemate-penzionerski-odmor-06.jpg

Приватно крстарење со глисер од Вурвуру до островот Дијапорос и уживање во недопрена убавина

9-aktivnosti-koi-mozhete-da-gi-pravite-na-halkidiki-za-da-nemate-penzionerski-odmor-07.jpg

Кајакарење со професионалци во тиркизните води на околината на островот Дијапорос, со поаѓање од Вурвуру

9-aktivnosti-koi-mozhete-da-gi-pravite-na-halkidiki-za-da-nemate-penzionerski-odmor-08.jpg

Летање со параглајдер и уживање во убавините на Халкидики од небо, со поаѓање од Пефкохори

9-aktivnosti-koi-mozhete-da-gi-pravite-na-halkidiki-za-da-nemate-penzionerski-odmor-09.jpg

Истражете го морскиот свет со тура на нуркање во водите во околината на Касандра

9-aktivnosti-koi-mozhete-da-gi-pravite-na-halkidiki-za-da-nemate-penzionerski-odmor-10.jpg

M. M. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

5 плажи во Албанија со кристално чисто море (од кои 4 се изолирани) До една од овие плажи се стигнува само со брод, а до другите две мора да пешачит...
Каде за Први мај - 13 места за излет во природа низ Македонија Со семејството или со друштво, добра музика, вкусна храна, студени пијалаци и се...
Коктел 15 евра, грчка салата 10 евра: Како се движат цените на Tigania, една од најубавите плажи на ... Плажата позната како „грчки Кариби“ е меѓу најскапите на вториот крак, а храна и...
TripAdvisor го избра Лондон за најпопуларна европска дестинација за 2024 - Која соседна земја е на л... TripAdvisor ги избра 10-те најпопуларни туристички дестинации во Европа. На прво...
Неколку причини зошто да го посетите Бледското Езеро во Словенија Во средината на езерото е сместена црквата „Успение на Богородица“ каде посетите...
Долги редици, турканици низ тесните улички - Што може да очекувате од Санторини, ако го посетите во ... За совршени фотки на белите кровови ќе треба да се изборите за место со илјадниц...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg