Долги редици, турканици низ тесните улички - Што може да очекувате од Санторини, ако го посетите во екот на сезоната?

За совршени фотки на белите кровови ќе треба да се изборите за место со илјадниците други туристи. За да стигнете од едно до друго место, ќе треба да се туркате низ тесните улички. Како изгледа Санторини во екот на сезоната?

dolgi-redici-turkanici-niz-tesnite-ulichki-shto-mozhe-da-ochekuvate-od-santorini-ako-go-posetite-vo-ekot-na-sezonata-01.jpg

Нашата инфлуенсерка и ТВ водителка Јелена Спенџарска на почетокот на летото објавуваше фотки од Санторини, но деновиве, популарниот грчки остров е далеку од она што тогаш можевме да видиме.

dolgi-redici-turkanici-niz-tesnite-ulichki-shto-mozhe-da-ochekuvate-od-santorini-ako-go-posetite-vo-ekot-na-sezonata-02.jpg

Наместо празни плажи и празни улички, во кои централно место имаат препознатливите градби, деновиве од островот се споделуваат сосема поинакви видеа и фотки, а локалното население е загрижено и смета дека треба да се стави крај на прекумерниот туризам.

dolgi-redici-turkanici-niz-tesnite-ulichki-shto-mozhe-da-ochekuvate-od-santorini-ako-go-posetite-vo-ekot-na-sezonata-05.jpg

Од видеата што се објавуваат на социјалните мрежи може да се види дека островот ова лето е преплавен со посетители од целиот свет, па ако одлучите да го посетите во екот на туристичката сезона, за да направите преубави фотки на Инстаграм ќе треба да се туркате со илјадниците други туристи што ја имаат истата идеја.

@linh.sponar

Realita!🫣 Tohle na instafotkách neukazujou!😂 #santorini #santorinigreece #santoriniisland #reality

♬ původní zvuk - FACELESS TRAGEDY - FACELESS TRAGEDY

Островот има околу 15.500 жители, кои во периодот на сезоната буквално се заложници на туристите.

Така еден од локалните туристички водичи на островот на својот ТикТок профил објави видео на кое се гледа како туристите пристигнуваат на островот и до него напиша:

„Слушнав на вестите дека Санторини годинава нема многу туристи... Лажат“

На видеото може да се види долгата редица туристи која пристигнува на островот.

@victor.santorini

#santorin #tour #vacation

♬ Boundless Worship - Josué Novais Piano Worship

Тој објави уште едно видео на кое се гледа како неговите клиенти се туркаат низ тесните улички на Санторини и се обидуваат да видат барем дел од она што може да го понуди островот.

@victor.santorini

#I #love #santorini #fyp #greece #tours & more

♬ Already Won (feat. Lil Durk) - Rod Wave

Дел од туристите се жалат на гужвите и велат дека биле приморани со часови да чекаат на сонце за да можат да се качат на брод.

@

♬ -

Но, ако мислите дека локалното население се радува на тоа што бројот на туристи се зголемува, тогаш се лажете.

Со години наназад, локалното население бара да се ограничи бројот на туристи што доаѓаат на нивниот остров.

dolgi-redici-turkanici-niz-tesnite-ulichki-shto-mozhe-da-ochekuvate-od-santorini-ako-go-posetite-vo-ekot-na-sezonata-07_copy.jpg

Во прилог на тоа оди и објавата на градоначалникот на островот Панос Каваларис, кој пред една недела упати апел до локалците да не излегуваат без потреба од домот, затоа што се очекува во еден ден да пристигнат 17.000 туристи.

„Вонредна најава. Ова ќе биде уште еден тежок ден за нашиот град и осторв, затоа што ќе пристигнат 17.000 посетители со крузери. Ве молиме да го намалиме нашето движење што е можно повеќе!“

Објавата кратко потоа беше избришана, но фотограгфијата од неа е објавена на повеќето грчки медиуми.

dolgi-redici-turkanici-niz-tesnite-ulichki-shto-mozhe-da-ochekuvate-od-santorini-ako-go-posetite-vo-ekot-na-sezonata-10.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ресорт направен како реплика на Санторини е хит во Кина (фото+видео) Во кинеската провинција Јунан, има ресорт кој е како реплика на Санторини, а бид...
Бев на одмор во Грција во средината на септември - Зошто ми се допадна летувањето на крајот од сезон... Единствената лоша страна на летувањето вон сезона, на крајот на септември, е тоа...
Уличната уметност и шармантните мурали низ улиците на Брисел Сакам да ве прашам нешто. Дали сте љубители на улична уметност?  Сакам д...
5 плажи во Албанија со кристално чисто море (од кои 4 се изолирани) До една од овие плажи се стигнува само со брод, а до другите две мора да пешачит...
Каде за Први мај - 13 места за излет во природа низ Македонија Со семејството или со друштво, добра музика, вкусна храна, студени пијалаци и се...
Неколку причини зошто да го посетите Бледското Езеро во Словенија Во средината на езерото е сместена црквата „Успение на Богородица“ каде посетите...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg