Српска блогерка споделува: Колку пари се потребни за посета на спомениците низ Истанбул?

За посета на Аја Софија ќе ви требаат 25 евра, за Токапи палатата 45... Колку пари треба да подготвите во паричникот, ако планирате да ги прошетате сите знаменитости и споменици во Истанбул?

srpska-blogerka-spodeluva-kolku-pari-se-potrebni-za-poseta-na-spomenicite-niz-istanbul-01.jpg

Српската новинарка и блогерка Исидора Илиќ неодамна имала можност да го посети Истанбул, а на својот Инстаграм профил објави видео во кое се обиде да им даде корисни информации на своите следбеници кои во следниот период имаат намера да го посетат главниот град на Турција.

Пред да заминете во посета на Истанбул, освен парите за авионски билет и за престој, нормално е дека треба да одвоите финансии и за посета на некои од најпознатите споменици и знаменитости во градот, а Исидора се обиде да сумира колку вкупно пари ќе треба да одвоите за таа намена.

Како што вели, влезот во најпознатото обележје на градот, црквата Аја Софија, на 15-ти јануари годинава чинел 25 евра.

„Постојат два одвоени влеза, од кои едниот е за верниците и за молитвата, а другиот е за туристите“ – појаснува таа.

srpska-blogerka-spodeluva-kolku-pari-se-potrebni-za-poseta-na-spomenicite-niz-istanbul-02.jpg

Влезот во Топкапи палатата сега чини 45 евра. Во минатото се продавале две одвоени влезници за палатата и за харемот, но сега е направена промена, па во овoј музеј може да се влезе само со една влезница.

„Од годинава влезницата за Долмбахче палатата чини 1.050 лири, односно 30 евра и опфаќа посета на сите три дела на палатата“ – додава таа.

srpska-blogerka-spodeluva-kolku-pari-se-potrebni-za-poseta-na-spomenicite-niz-istanbul-03.jpg

Крстарењето по Босфор чини 30-тина евра, а влезот во Галата кулата е 20 евра.

За крај, таа вели дека ако планирате да ги посетите сите овие знаменитости, најдобра опција е да купите Istanbul Pass, која чини околу 150 евра за три дена.

Таа издвои неколку знаменитости што се бесплатни, како Сината џамија, но и прошетката по базарите и пазарите.

Погледнете го видеото:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Коктел 15 евра, грчка салата 10 евра: Како се движат цените на Tigania, една од најубавите плажи на ... Плажата позната како „грчки Кариби“ е меѓу најскапите на вториот крак, а храна и...
12 причини зошто би сакала да се родев во Италија За да пијам вино во Тоскана, да јадам каноли од кои тече крем од ф'стак на Сицил...
Кафе и лежалка 4 евра, гиро 4 евра – Како се движат цените на плажа во Неи Пори во 2024? По празникот Духовден и споениот викенд, туристите во Неи Пори велат дека веќе г...
„Песок мек како брашно, тиркизна вода“ – Најубавата плажа во Анталија, според српска патувачка блоге... „За да стигнете до плажата, морате да се спуштите по 200 скали, но вреди“ – вели...
10 причини да го посетите грчкиот остров Крф Богата историја со многу знаменитости, архитектура во венецијански стил која ќе ...
Обичаи при посета на манастирот Острог во Црна Гора - што треба да понесете и како да се однесувате? Во манастирот не се доаѓа со голи раце и нозе. Верниците ги оставаат своите личн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg