Девојка се жали за одморот на брегот Амалфи во Италија: „Зошто сум разочарана?“

„Кога велам дека никогаш досега не сум искусила нешто вакво, не преувеличувам. Се возевме по еднонасочна улица на која некако успеале да вметнат четири коловозни линии. Автобусите возеа со 100 километри на час, буквално ’летајќи‘ на кривините“, вели девојка од Австралија за лошото искуство на италијанската популарна дестинација Амалфи.

patuvavme-so-chasovi-avtobusite-vozea-kako-ludi-lugjeto-mirisaa-i-beshe-mnogu-skapo-devojka-se-zhali-za-odmorot-na-bregot-amalfi-vo-italija-video-01_copy.jpg

Девојка од Австралија била на одмор на брегот Амалфи во Италија и вели дека иако тоа е едно од најубавите места што ги видела во животот, целокупното искуство било ужасно.

Во ТикТок видео, Австралијката Изабела Хајфилд открива дека на популарната дестинација со нејзиниот дечко на почетокот од август и открива со што сè се соочиле.

patuvavme-so-chasovi-avtobusite-vozea-kako-ludi-lugjeto-mirisaa-i-beshe-mnogu-skapo-devojka-se-zhali-za-odmorot-na-bregot-amalfi-vo-italija-video-02.jpg

„Да почнам со патувањето дотаму. Отседнувавме во мал град по име Минори, кој е во близина на градот Амалфи.

Без разлика во кој град ќе отседнувате на брегот Амалфи, прво треба да стигнете до Салерно каде што се наоѓа главната железничка станица“.

Изабела вели дека со дечкото тргнале од Рим и за да стигнат до Салерно им биле потребни пет часа со воз.

patuvavme-so-chasovi-avtobusite-vozea-kako-ludi-lugjeto-mirisaa-i-beshe-mnogu-skapo-devojka-se-zhali-za-odmorot-na-bregot-amalfi-vo-italija-video-03.jpg

Оттаму, фатиле автобус за гратчето Минори.

„Се возевме повеќе од еден час. Кога велам дека никогаш досега не сум искусила нешто вакво, не преувеличувам. Се возевме по еднонасочна улица на која некако успеале да вметнат четири коловозни линии.

Автобусите возеа со 100 километри на час, буквално ’летајќи‘ на кривините“.

patuvavme-so-chasovi-avtobusite-vozea-kako-ludi-lugjeto-mirisaa-i-beshe-mnogu-skapo-devojka-se-zhali-za-odmorot-na-bregot-amalfi-vo-italija-video-04.jpg

Изабела истакнува дека кога се разминувале два автобуса во спротивна насока, растојанието помеѓу нив било милиметри.

Покрај тоа, на автопатот имало и многу луѓе со мотоцикли кои исто така не биле многу внимателни.

Друг проблем за Изабела бил непријатниот мирис од луѓето.

„Изгледа луѓето генерално не знаат што е дезодоранс бидејќи миризбата… Мислам, жешко е. Ако не ви се згади од автобусите, ќе ви се згади од мирисот на луѓето“.

patuvavme-so-chasovi-avtobusite-vozea-kako-ludi-lugjeto-mirisaa-i-beshe-mnogu-skapo-devojka-se-zhali-za-odmorot-na-bregot-amalfi-vo-italija-video-06.jpg

Потоа Изабела и дечко ѝ требало да одат со траект до гратчето Позитано.

„Имаше една редица, и стотици и стотици луѓе кои чекаа во редица за различни траекти. Но, имаше само една редица!

Па, ако дојде вашиот траект, а вие сте на крајот од редицата, треба да се буткате низ луѓето кои не се за тој траект.

Зошто не направат шест редици? Искрено, не е толку тешко и дефинитивно имаше место“.

patuvavme-so-chasovi-avtobusite-vozea-kako-ludi-lugjeto-mirisaa-i-beshe-mnogu-skapo-devojka-se-zhali-za-odmorot-na-bregot-amalfi-vo-italija-video-05.jpg

Австралијката вели и дека на местото имало премногу туристи. Таа истакнува дека е свесна дека и самата е дел од тие туристи, но не очекувала толку огромен метеж.

Кога стигнале до својата дестинација, Изабела и дечко ѝ се соочиле со друг проблем – превисоките цени.

„Некои места наплаќаа 36 евра за порција чинија. Па, тоа е само брашно и вода!“

Во коментари, некои се согласуваат со Изабела:

„Сестра ми го мразеше местото. Рече патувањето со автобус дотаму било најстрашното нешто што го искусила“.

„Само што се вратив од Амалфи и јасно ми е за што зборуваш“.

„Се согласувам, претеруваат со цените“.

„Бевме таму минатата недела и го имавме потполно истото искуство“.

Но, некои велат дека само драматизира, дека со дечко ѝ самите се виновни што не се организирале подобро, како и дека имало други опции да стигнат до дестинацијата.

„Има брз воз кој трае околу 1 час и 20 минути од Рим до Неапол, а потоа 45 минути со траект до Амалфи“.

„Ова е една од најубавите дестинации што сум ги посетил, со години наназад одам таму. Треба да истражуваш пред да одиш некаде“.

https://www.tiktok.com/@isabella.ellen/video/7265418584925474049

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Песок мек како брашно, тиркизна вода“ – Најубавата плажа во Анталија, според српска патувачка блоге... „За да стигнете до плажата, морате да се спуштите по 200 скали, но вреди“ – вели...
Безброј светилки, многу тезги со храна и подароци: Брисел е волшебен во празничната сезона И оваа година, божиќниот маркет во Брисел е сместен во самото срце на градот, и ...
Српска блогерка споделува: Колку пари се потребни за посета на спомениците низ Истанбул? За посета на Аја Софија ќе ви требаат 25 евра, за Токапи палатата 45... Колку па...
Каде за Први мај - 13 места за излет во природа низ Македонија Со семејството или со друштво, добра музика, вкусна храна, студени пијалаци и се...
Работи што се норма во земјите ширум светот, но се „културен шок“ за странците „За Италијанците, доцнењето е нормално и никогаш не го гледаат како неучтивост“....
5 знаци дека сте избрале погрешен ресторан на одмор (и ќе зажалите за тоа) Бегајте од ресторани пред кои келнерите стојат и ве канат и обрнете внимание на ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg