5 знаци дека сте избрале погрешен ресторан на одмор (и ќе зажалите за тоа)

Бегајте од ресторани пред кои келнерите стојат и ве канат и обрнете внимание на кој јазик зборуваат присутните гости...

od-koi-restorani-treba-da-begate-dodeka-ste-na-odmor-5-znaci-deka-ste-na-chekor-da-donesete-odluka-za-koja-kje-zazhalite-01.jpg

На сите ни се случило да отпатуваме некаде и да се чувствуваме толку гладни, па воопшто и да не размислуваме каде сме седнале да јадеме и какво искуство ќе понесеме со нас.

Свесни сме дека кога сме заминале на одмор, тогаш редно е да пробаме и нешто од локалните специјалитети, но ако не обрнувате доволно внимание, тогаш мошне веројатно е да влезете во некоја ’туристичка замка‘ која нема да ви понуди нешто ексклузивно, а ќе ви го преполови паричникот.

На кои знаци треба да внимавате додека се движите низ европските градови за да не влезете во ресторан кој нема да ви понуди нешто особено, а ќе си заминете разочарани и нервозни?

Во продолжение погледнете ги шесте знаци кои укажуваат дека ресторанот не е тоа што го барате:

Локација

Прво нешто на што треба да обрнете внимание е локацијата на која се наоѓа ресторанот.

Ако е на само неколку чекори од плажата каде што сте уживале преку ден, или во близина на знаменитостите, многу е веројатно да станува збор за локал во кој нема да најдете специјалитети од локалната кујна.

Најчесто ова се ресторани каде има голем број гости минувачи и храната во нив е веќе приготвена или брза за подготовка.

За да пробате оригинална локална кујна, некогаш треба да бидете подготвени да пешачите малку подолго, на места што не се толку прометни.

od-koi-restorani-treba-da-begate-dodeka-ste-na-odmor-5-znaci-deka-ste-na-chekor-da-donesete-odluka-za-koja-kje-zazhalite-02.jpg

Келнерите ве канат додека поминувате по улица

Ова е уште еден знак дека ресторанот или локалот се користи со трикови за да привлече што е можно повеќе минувачи и гости.

Особено треба да бидете внимателни ако келнерите ви даваат мени со фотографии или ви нудат попуст.

Зошто некој ресторан каде што храната се троши и што има доволно гости би имал потреба да ги продава своите специјалитети на попуст?

od-koi-restorani-treba-da-begate-dodeka-ste-na-odmor-5-znaci-deka-ste-na-chekor-da-donesete-odluka-za-koja-kje-zazhalite-09.jpg

Огромно мени

На многумина им се чини дека долгото мени е знак за добро разработен ресторан каде што гостите имаат голем избор.

Но, тоа не мора да биде така. Тоа може да значи дека голем дел од таа храна е веќе произведена и само по потреба се пече или се загрева набрзина.

Обрнете внимание и на предјадењата. Често се случува похуваните предјадења да не се свежи, туку да биле замрзнати и само да се пржат во моментот.

od-koi-restorani-treba-da-begate-dodeka-ste-na-odmor-5-znaci-deka-ste-na-chekor-da-donesete-odluka-za-koja-kje-zazhalite-05.jpg

Не барајте ресторани што се убави за на Инстаграм

Вообичаено луѓето доаѓаат во тие ресторани само за да бидат видени и да ги објават фотографиите на Инстаграм, па ако сте дошле за да пробате нешто автентично и вкусно, може да си заминете разочарани.

Пред да побрзате да го посетите ресторанот што изгледал прекрасно на социјалните мрежи, задолжително е и да проверите какви се препораките за храната таму.

od-koi-restorani-treba-da-begate-dodeka-ste-na-odmor-5-znaci-deka-ste-na-chekor-da-donesete-odluka-za-koja-kje-zazhalite-07.jpg

Погледнете ги луѓето што седат внатре

Пред да влезете во некој ресторан, обрнете внимание на населението што седи таму. Ако местото е преплавено само со туристи, тоа најверојатно не е добар знак.

Секогаш обидете се да препознаете дали меѓу гостите има и локално население, кое го зборува локалниот јазик.

Секако, ако сте решени да најдете одлични локални ресторани, наместо да лутате, најдобро е да го консултирате Google и да ги погледнете препораките за местата.

od-koi-restorani-treba-da-begate-dodeka-ste-na-odmor-5-znaci-deka-ste-na-chekor-da-donesete-odluka-za-koja-kje-zazhalite-08.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

7 ресторани во Врање кои може да ги посетите кога одите на еднодневна тура Ресторани на отворено со двор, ресторани со игралиште за деца, или со рустичен и...
Безброј светилки, многу тезги со храна и подароци: Брисел е волшебен во празничната сезона И оваа година, божиќниот маркет во Брисел е сместен во самото срце на градот, и ...
Бев на градска плажа во Дојран – Како си поминав и како се движат цените годинава? Температурата на водата е исклучително топла, но пак успеавме да се разладиме. Ц...
10 причини да го посетите грчкиот остров Крф Богата историја со многу знаменитости, архитектура во венецијански стил која ќе ...
Кафе и лежалка 4 евра, гиро 4 евра – Како се движат цените на плажа во Неи Пори во 2024? По празникот Духовден и споениот викенд, туристите во Неи Пори велат дека веќе г...
Локал близу IKEA во Солун со коктел бар, плажа и детско игралиште - за со друштво или со деца (фото)... На излезот од Солун, во близина на IKEA се наоѓа Ergon Agora, уникатен локал кој...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg