Лила Филиповска, Лола Астанова: Модата и атмосферата на прославата 30 години Сител телевизија
Koja oд гостинките беше највпечатлива, а кој имаше најмоќен настап на сцената? Модата и атмосферата на прославата по повод 30 години постоење на Сител телевизија во МНТ.
Вчеравечер (02.12) во Македонскиот народен театар се одржа прослава по повод 30 години постоење на Сител телевизија.
Во улога на домаќини на овој гламурозен настан се појавија Лила Филиповска и Валентин Тино Николовски.
Меѓу присутните имаше многу познати личности, новинари и соработници на Сител телевизија.
Се славеше со танц и песна, а особено внимание оставија гостувањата на светски познатата пијанистка Лола Астанова и јапонскиот оперски пејач Казухиро Котецу, кој е добропознат во Македонија по љубовта кон македонските песни.
Меѓу присутните беше и Александар Блажевски, кој на својот Инстаграм напиша: „30 години Сител телевизија, 30 години семејство“.
Што облекоа посетителите на настанот и каква беше атмосферата, низ фотографии:
Лила Филиповска и Валентин Тино Николовски во улога на водители на настанот
Светски познатата пијанистка Лола Астанова ја видовме на сцената во црн светкав фустан
Јапонскиот оперски пејач Казухиро Котецу настапи со изведби на македонски јазик
Ана и Игор Дурловски со моќна изведба на сцената
Виолинистката Ева Богоевска
Новинарката Елена Стојанова Јанковска со ќерката Илина
Балерината Мила Ниновска
Водителката и актерка Владанка Крстевски
С. С. | Црнобело / фото: Инстаграм