Модна инспирација: Седум бои кои ќе бидат хит ова лето
Невозможно е да поминете незабележани доколку сте облечени во овие бои.
Како што се менуваат годишните времиња, така се менува и изборот на бојата на гардеробата што ја носиме.
Во текот на есента одбираме потемни бои, додека во пролет и лето сакаме да носиме посветли, но и дречливи бои.
Ова лето ќе го одбележат седум бои - од пастелни до дречливи:
Путер жолта
Жолтата боја е незаменлива во текот на летото, но во оваа сезона ќе ја носиме во малку посветли тонови.
Оваа година популарна е путер жолтата боја.
Нејзините нежни, топли тонови совршено го нагласуваат исончаниот тен, а во исто време на даваат леснотија на облеката.
Светлосина
Светлосината не се симнува од тронот во текот на пролетта, а се чини дека таа популарност ќе ја задржи и во текот на летото.
Оваа боја на секој аутфит му дава доза елеганција, а одлично оди во комбинација и со други бои како кафеава, крем и други пастелни нијанси.
Сива
Иако сивата боја е поприкладна за постудените месеци, сепак може совршено да се комбинира и со многу летни комбинации.
Може да биде одличен контраст со парчињата во пастелно жолта или црвена боја, а одлично прилега и со белата боја.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





