Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Модна инспирација: Седум бои кои ќе бидат хит ова лето

Дречливо црвена

Црвената им е омилена боја на многумина и може да се носи во текот на целата година, па сосема е очекувано да ги има своите пет минути слава и во текот на летото. 

Оваа боја може да се најде на сите парчиња облека и модни додатоци, но особено се истакнува на свилените и сатенски фустани.

Розова

Светло розовата боја, која уште ја нарекуваат и циклама, е вистинска летна боја која ќе го „освежи“ секој изглед.

Цикламата одлично се истакнува и кога носите модни додатоци во оваа боја како очила, чанта и чевли.

Бела

Белата е вечна, основна боја која ја носиме во текот на целата година. 

Но, во текот на летото има многу посебен шарм бидејќи го нагласува исончаниот тен и им дава одредена доза на елеганција на комбинациите.

Може да се комбинира во свечени пригоди, но и во полежерни комбинации. 

Лимета зелена

Станува збор за летна нијанса, во која со сигурност нема да останете незабележани.

Во дневните комбинации можете да ја комбинирате со друга понеутрална боја во вид на модни додатоци или само на едно парче облека. 

Меѓутоа, ако сте смели, можете да составите цела облека со оваа боја која ќе биде идеална за долги летни забави на отворено.

С. Ш. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

6 есенски комбинации на бои со кои нема да погрешите Сте помислиле ли да комбинирате бургунди со црно или тегет со жолто? Оваа есен е...
8 парчиња облека кои ни се омилени, но веќе не се во мода Фармерки „цевка“, широки палта, миди здолништа... иако ги обожаваме, веќе не се ...
Девојка од Скопје со впечатлив моден стил - обожава црвен кармин и смели комбинации (фото) „Еден период купував само блузони, потоа само деловни комбинации, а последнава г...
8 парчиња летна облека кои мора да ги имате во својот плакар Секоја жена во својот плакар треба да има бел фустан што ќе може да го носи во с...
9 совети со кои ќе изгледате како „милион долари“ (без да потрошите многу пари) Плетен џемпер со V-отвор на линии, кафена чанта за секоја комбинација - некои па...
Облека и модни додатоци кои се секогаш тренди (и треба да ги имате во гардероберот) Морнарски маички (или џемпери) и црн кожен колан – некои парчиња и модни додатоц...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg