Хелен Рут (95) е најмодерна баба во светот - некогаш работела во фабрика, а денес на Инстаграм има над 3 милиони следбеници
На Инстаграм ја следат светски ѕвезди како Ријана, Мајли Сајрус, Гвен Стефани... Нејзиниот храбар избор на облека ја направи интернет сензација.
95-годишната Американка Хелен Рут Елам е вистински пример дека некои луѓе без оглед на годините цел живот се млади во душа.
На нејзиниот активен начин на живот може да позавидат и помладите.
Хелен ги руши сите стереотипи за стареењето.
Родена е на 18 јули 1928 година во Хазард, Кентаки.
Хелен е најмодерната баба во светот со над 3 милиони следбеници на Инстаграм каде е потпишана како Baddiewinkle.
Со својот храбар избор на облека прави вистински „бум“ на социјалните мрежи.
Но, она што публиката најмногу ја привлекува е нејзиниот позитивен поглед на животот и бунтовнички став.
Во животот имала многу трагични моменти.
Синот ѝ починал од рак, а сопругот ѝ загинал во сообраќајна несреќа.
28 години работела во фабрика за да го издржува семејството.
Денес има 8 внуци и 2 правнуци.
Популарност стекнала откако нејзината правнука Кенеди Луис објавила фотографија од Хелен на Инстаграм.
Буквално преку ноќ станала позната, а денес на Инстаграм ја следат многу од популарните личности како Ријана, Клои Кардашијан, Никол Ричи, Гвен Стефани, Мајли Сајрус и Дрејк.
Сепак, како и другите инфлуенсери и таа се соочува со многу негативни коментари на нејзините објави.
На истите секогаш реагира со доза хумор.
Нејзиното мото запишано на Инстаграм е: „Ги крадам вашите мажи уште од 1928“, а нејзиниот совет за среќен живот гласи: „Секогаш поздравувајте ги странците со насмевка (главно насмевката ќе ви биде возвратена) и кон сите однесувајте се љубезно“.