32 идеи како да се дотерате за совршени Инстаграм фотки од плажа
За да имате впечатлива фотка за Инстаграм од плажа (а да не сте во бикини), освен убава позадина и некој што го бива за сликање, важно е и што ќе облечете, нели?
Ако сè уште не сте биле на летување и се подготвувате да заминете на плажа, сигурно сте помислиле и на тоа каква гардероба да земете, за да направите убави фотки на плажа или покрај вода, а да не сте во бикини.
Доколку имате, понесете шешир или марама за глава, кои ќе ѝ дадат посебен шарм на фотката.
Секако, ставете и малку накит, дискретна шминка и изберете ја локацијата и посакуваната поза.
А што се однесува до облеката, можностите се неограничени - лесни летни фустанчиња во бела или во светли бои, кратки панталончиња во комбинација со тесни маички, кроп топ, дури и со бикини, цветни фустани, долги наметки или комплет од панталони и маичка во ист дезен, па дури и тенка летна кошула врзана околу струкот.
Погледнете ја галеријата и инспирирајте се:
А. Ј. | Црнобело