Како да го изберете совршениот костим за капење (според обликот на телото)?
Ако имате стомаче и сакате да го скриете, не мора да носите исклучиво едноделни костими. Ќе изгледате одлично и во бикини со висок струк.
Кога купуваме костим за капење, секако дека е важно како ни стои. Но, исто важно е и да биде практичен за активностите што ги планираме, како пливање или сончање.
Како да го изберете совршениот костим за капење?
Земете ја предвид големината на вашите гради
Минијатурните бикини можат да делуваат невкусно ако имате големи гради.
Од друга страна, ако имате мали гради, бикините со големи корпи може да изгледаат неубаво.
Бикините со триаголна форма не ја даваат потребната поддршка, па се подобри за мали гради.
Ако не сте сигурни каков модел да изберете, бикините со горен дел кој наликува на спортски градник им стојат добро на сите.
Експериментирајте со модели
Ако имате стомаче и сакате да го скриете на плажа, нема потреба да носите исклучиво едноделни костими за капење.
Можете да пробате дводелен костим со висок струк или, пак, модел со подолг горен дел кој го покрива скоро целиот стомак.
Нагласете ги деловите што ви се допаѓаат
Секогаш одбирајте костими што ги истакнуваат деловите од телото што ви се допаѓаат.
Ако имате бујно деколте, купете едноделен костим со отворено деколте – на пример, како костимот на Ешли Греам.
Ако имате тенка половина, истакнете ја со костим со колан.
За да го истакнете горниот дел од телото, можете да облечете костим со еднобоен долен и шарен горен дел.
Земете предвид дали ќе пливате, ќе се сончате…
Ако планирате да пливате или да играте со топка во вода, најдобро е да носите едноделен костим за капење. Бидејќи, со пливање, лесно можете да ги „изгубите“ бикините во морето, да ви се одврзат или да покажете нешто што не треба.
Ако во план ви е да се сончате, најдобро облечете бикини и внимавајте костимот да нема разни врвки или исечоци кои подоцна ќе ви се познаваат на кожата.
Обрнете внимание на бојата на кожата
Ако се двоумите за боја, земете ја предвид нијансата на вашата кожа.
Ако имате потемна кожа, одлично ќе ви стојат земјени нијанси, како темнозелена или маслинеста, но и златна и темноцрвена.
На посветла кожа, одлично изгледаат впечатлива црвена, боја на лаванда, како и пастелни нијанси.
Додека го пробувате костимот, немојте само да стоите во место
Кога пробувате костим за капење во продавница, не е важно само дали ви стои добро.
Исто важно е и дали ќе издржи додека се движите.
Па, направете неколку чекори низ соблекувалната да видите дали врвките се доволно цврсти, дали горниот дел ќе стои во место кога ги движите рацете и слично.
Вака ќе ги избегнете незгодите на плажа.
Спирова С. | Црнобело