5 типа маникир кои делуваат кич (и како да изберете подобра алтернатива)
Неонски бои, црн лак - некои трендови во маникирот треба да се заменат со нови, поинтересни варијанти)...
Како и сè останато во светот на модата и стилот, така и маникирот го следат трендови кои доаѓаат и си одат.
Тоа што вчера беше „ин“ (на пример Барби розова), денес се смета за евтино и неубаво.
Кои трендови во маникирот делуваат евтино - и каква алтернатива да изберете ако, сепак, ви се меѓу омилените?
Прочитајте ги советите од експертите:
Сјајни нокти што се прелеваат
Дури и да ја изберете најтренди бојата оваа сезона, ќе згрешите ако се одлучите за сјаен маникир што се прелева.
Наместо тоа, решете се за мат варијанта на маникир што се прелева - ќе го имате омилениот тренд, но во модерна варијанта.
Неонски бои
Неонската зелена, розова и жолта одамна не се во тренд - признајте дека ве болат очи кога ќе видите девојка чии нокти се излакирани во некоја од овие бои.
Но, ако не сакате да се откажете од омилениот неонски сјај, пробајте ја новата, посуптилна варијанта - нежна основа дополнета со неонски лак, како кога би правеле француски маникир.
Мермерни нокти
Во еден период од минатото најпопуларен беше маникирот во вид на „мермер“, но веќе не.
Но, ако ви се допаѓа, а сепак сакате да сте во тренд, изберете нешто слично - маникир во вид на лушпа од јајце на препелица - интересно и модерно.
Барби розова
Барбиманијата која траеше во 2023 го донесе розовиот маникир, но тој тренд е веќе „изумрен“.
Наместо розова боја, изберете неутрални нијанси - на пример боја на лешник е добитна комбинација.
Црна боја
Црната боја изгледа софистицирано, но оваа класика сезонава има поелегантна замена.
Ако сте љубител на темните бои, изберете бургунди или боја на црвено вино, но и темнозелени или тегет нијанси.
А. Ј. | Црнобело