7 највпечатливи филмски костими за капење: Култни парчиња кои се модерни и денес

Бонд девојки, спасувачки на плажа, Чарлиеви ангели... заедничко за сите нив е што во филмовите во кои се појавиле носеле костими за капење што се толку многу препознатливи, што го носат епитетот „култни филмски костими за капење“.

7-najvpechatlivi-bikini-od-filmovite-kultni-parchinja-koi-se-moderni-i-denes-01.jpg

Кога ќе ја видите Урсула Андрес како излегува од море во крем бикини со нож врзан околу струкот, веднаш знаете дека станува збор за вистинска класика - костим за капење кој и денес е модерен.

Кои се останатите 6 најпознати филмски костими за капење на сите времиња?

Елизабет Тејлор, Suddenly, Last Summer (1959)

Во филмот Suddenly, Last Summer, легендарната актерка Елизабет Тејлор се појавува во бел едноделен костим за капење.

Овој едноставен избор совршено ја акцентира прекрасната фигура на актерката и нејзините облини.

7-najvpechatlivi-bikini-od-filmovite-kultni-parchinja-koi-se-moderni-i-denes-04.jpg

Урсула Андрес, Dr. No (1962)

Урсула Андрес беше првата Бонд девојка, а се појави во филмот Dr. No, со Шон Конери.

Сите ја паметат сцената кога излегува од морето со нож врзан околу половината.

Kultni filmski parcinja Ova se 7 najpoznati kostimi za kapenje 03

Ракел Велч, One Million Years B.C (1966)

Овој минималистички костим за капење поради својот стил е опишан како „шик од пештерата“.

Тој стана стана култен костим и поради тоа што го носеше Ракел Велч, една од најпопуларните актерки на својата генерација.

7-najvpechatlivi-bikini-od-filmovite-kultni-parchinja-koi-se-moderni-i-denes-03.jpg

Хали Бери, Die Another Day (2002)

Во овој филм за тајниот агент Џејмс Бонд, преку бикиното на Хали Бери, продуцентите ѝ оддадоа почит на првата Бонд девојка, Урсула Андрес.

Но за разлика од неа, Бери носеше впечатливи портокалови бикини.

7-najvpechatlivi-bikini-od-filmovite-kultni-parchinja-koi-se-moderni-i-denes-02.jpg

Камерон Дијаз, Charlie’s Angels 2 (2003)

Сите култни костими за капење се едноставни, а тоа го потврди и Камерон Дијаз со белите бикини во Charlie’s Angels 2.

Таа го покажа своето мускулесто тело во едноставен модел со „триаголници“, а со даска за сурфање, наместо коктел во рака, изгледа како вистинска модерна Афродита.

Kultni filmski parcinja Ova se 7 najpoznati kostimi za kapenje 06

Џесика Алба, Into the Blue (2005)

Можеби не се сеќавате на филмот Into the Blue во кој се зборуваше за подводни богатства и пирати, но сигурно ја паметите Џесика Алба во бикини.

И повторно - едноставен модел со триаголници, каде што горниот и долниот дел од костимот за капење се во различна боја. 

Ova-se-7-najpoznati-kostimi-za-kapenje-02.jpg

Памела Андерсон, Baywatch (1995)

Иако продуцентите не планирале Памела Андресон да стане член на спасувачкиот тим во серијата Baywatch, нејзиниот изглед во црвениот костим за капење ја направи еден од најпрепознатливите ликови во серијата.

Kultni filmski parcinja Ova se 7 najpoznati kostimi za kapenje 08

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 парчиња облека кои ни се омилени, но веќе не се во мода Фармерки „цевка“, широки палта, миди здолништа... иако ги обожаваме, веќе не се ...
8 парчиња летна облека кои мора да ги имате во својот плакар Секоја жена во својот плакар треба да има бел фустан што ќе може да го носи во с...
Како да го изберете совршениот костим за капење (според обликот на телото)? Ако имате стомаче и сакате да го скриете, не мора да носите исклучиво едноделни ...
7 парчиња летна облека кои изгледаат подобро на куклите во излог, отколку на нас Плетени парчиња летна облека, капри панталони - што изгледа подобро на куклите в...
Модни парчиња кои ќе бидат тренд за зима 2024 (и треба да ги купите веднаш) Јакна „шал“, впечатливи ракавици и џемпери со сите бои на нив... Што ни носи зим...
9 модерни парчиња облека кои ќе ги заменат ретро моделите во вашиот плакар Металик боите се враќаат, розовата боја и Барби трендот заминуваат во историјата...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg