Модата на машките посетители на Shtip Fashion Days 2024 – оделата со голо деколте се хит (фото)
Од црни одела со голо деколте и мини чанти, до широки и спуштени фармерки со гломазни патики – што облекоа машките посетители на првиот ден на Shtip Fashion Days 2024?
На 30-ти септември, во градот на модата, Штип, започна тридневниот моден настан Shtip Fashion Days, каде се собраа многубројни модни вљубеници.
Во старата фабрика за џинс, „Македонка“, која беше целосно реинкарнирана, на првиот ден се одржаа 3 модни ревии.
Настанот беше отворен со шоуто на „Гласен текстилец“, здружение за заштита на работничките права, потоа своите модели ги претставија модните брендови MINIMAL by NANA и NANA, а последната ревија беше резервирана за студентите од Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип.
На црвениот тепих кај посетителите доминираше црната боја, но освен класичните и безбедни стајлинзи, дел од мажите се појавија во впечатливи и уникатни модни изданија.