Флис дуксер се продава по 860 евра – Зошто тинејџерите „полудеа“ по него и дали вреди?
Изработен е од чиста волна, а кројот совршено „легнува“ на тело. Зошто тинејџерите во САД полудеа по дуксер кој чини колку половен автомобил?
Флис дуксерот е омилено комотно парче облека за студените зимски денови, но се чини дека и тој добива своја луксузна верзија.
Оваа верзија за брзо стана тренд кај младите и инфлуенсерите во светот, кои не жалат што треба да платат колку за половен автомобил за да го добијат дуксерот изработен од австриска волна.
На прв поглед, дуксерот на францускиот бренд Rier воопшто не се разликува од сличните дуксери кои се продаваат по значително пониски цени, но според оние што го пробале, разликата веднаш е видлива.
Новинарот Џона Вајнер во статија за New York Times вели дека „паричникот му плачел“ кога платил 860 евра за дуксерот во жолта боја, но потоа сфатил дека навистина вреди да се дадат толку пари за него.
„Она по што овој дуксер се разликува од другите е кројот!“ – вели тој.
Додава дека за првпат во животот му се случило флис дуксерот совршено да „легне“ на неговото тело и да ја следи линијата, притоа да не изгледа како да носи вреќа на себе.
Дополнително, на младата генерација ѝ се допаѓа тоа што дуксерот е изработен од 100% австриска волна, без додатоци на полиестер и други вештачки материјали, па со тоа е природен и не ја загадува околината.
Доказ дека овој дуксер е мегапопуларен е и тоа што досега рекордно бил распродаден во голем број продавници во САД и Канада, а се очекува за брзо време да ја освои и Европа.
Од објавите на Инстаграм може да се забележи дека модните инфлуенсери не го носат овој дуксер само во спортските комбинации, туку го комбинираат и со кошули и класични панталони, или со фармерки.
Би дале ли вие 860 евра за дуксер?
Погледнете неколку фотки од инфлуенсерите што се пофалиле дека си го купиле:
Б. С. Б. | Црнобело