8 начини за визуелно да го скриете стомакот (и да се чувствувате посамоуверено)

Кажете им „не“ на тесните фармерки, а прифатете го облекувањето во слоеви... Како да го скриете стомакот и да се чувствувате посамоуверено?

8-nachini-vizuelno-da-go-skriete-stomakot-i-da-se-chuvstvuvate-posamouvereno-01.jpg

Стомакот е најверојатно оној дел од телото кој најлесно се дебелее, а најтешко можете да го „ослабете“.

Колку и да вежбате, понекогаш, едноставно, не можете да се ослободите од масните наслаги околу половината или од „пивското“ стомаче.

Па, ако стомакот ви е најпроблематичниот дел од телото, постојат неколку трикови со кои можете да го „скриете“ и да не паѓа прв во очи.

Што треба да направите?

Свртете го фокусот кон нозете

Многу ефикасен начин да го скриете големиот стомак е да го свртите фокусот кон нозете.

Наместо фармерки изберете фустани со А-крој, кој нема да ја нагласува многу вашата силуета и визуелно ќе го скрие стомакот.

Носете миди модел или долг фустан кој ќе биде од проѕирен материјал во долниот дел.

8-nachini-vizuelno-da-go-skriete-stomakot-i-da-se-chuvstvuvate-posamouvereno-05.jpg

Облека во една боја

Кога имате голем стомак, многу лесно ќе го скриете визуелно ако носите облека во една боја.

Без оглед дали е тоа фустан или панталони со блуза или кошула, секогаш изберете парчиња во истата боја.

8-nachini-vizuelno-da-go-skriete-stomakot-i-da-se-chuvstvuvate-posamouvereno-07.jpg

Широко палто

За каква комбинација и да се решите, стомакот најлесно ќе го „камуфлирате“ ако облечете широко палто без копчиња врз гардеробата.

Ова ќе го тргне фокусот од вашата половина (и стомакот). Наместо палто, можете преку облеката да ставите широка марама.

8-nachini-vizuelno-da-go-skriete-stomakot-i-da-se-chuvstvuvate-posamouvereno-04.jpg

Извадете ја кошулата од фармерките

Најголемата грешка што можете да ја направите ако имате стомаче, е да ја ставите кошулата (или блузата) во фармерките, односно во панталоните.

Подобра опција е да ја носите врз нив, да паѓа слободно.

8-nachini-vizuelno-da-go-skriete-stomakot-i-da-se-chuvstvuvate-posamouvereno-02.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

8 парчиња облека кои ни се омилени, но веќе не се во мода Фармерки „цевка“, широки палта, миди здолништа... иако ги обожаваме, веќе не се ...
8 модни грешки поради кои веднаш ќе изгледате постаро отколку што сте навистина Можеби ви стои убаво, но кафеавата боја „додава години“. И ја следи репутација н...
8 парчиња летна облека кои мора да ги имате во својот плакар Секоја жена во својот плакар треба да има бел фустан што ќе може да го носи во с...
Чести модни грешки со кои (несвесно) си го уништуваме целиот изглед Долна облека која „ѕирка“, спортски чевли на свечени настани, слепо следење трен...
5 типа маникир кои делуваат кич (и како да изберете подобра алтернатива) Неонски бои, црн лак - некои трендови во маникирот треба да се заменат со нови, ...
9 идеи за педикир што ќе бидат хит за лето 2024 Црвените нокти се сметаат за застарени, а вистински хит се животинските принтови...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg