8 начини за визуелно да го скриете стомакот (и да се чувствувате посамоуверено)
Држење на телото
За да не ви доаѓа до израз стомакот, многу е важно и како го држите телото.
Никогаш не стојте подгрбавени, бидејќи така ви се опушта стомакот.
Напротив, потребно е да сте исправени и така стомакот визуелно ќе ви изгледа порамен и помал.
Облекувајте се во слоеви
Ако имате стомаче, а сакате тесна облека, најдобриот начин да го скриете е да се облекувате во слоеви.
Па така, врз гардеробата секогаш ставете некое широко џемперче.
Цветови - не, необични шари - да!
И шарите на облеката може да ви помогнат при камуфлирањето на стомакот.
Па така, стилистите велат дека не смеете да носите облека со цветен дезен ако станува збор за крупни цветови (ситните, дискретни цветови се прифатливи).
Одличен избор се шарите во неправилна форма или вертикални линии (никако хоризонтални).
Широки парчиња горе, а тесни долу
Направете комбинација така што ќе изберете тесни панталони или хеланки и ќе ги комбинирате со широка и подолга блуза или кошула, која не само што ќе ви го покрие стомакот, туку и колковите и повторно - фокусот ќе биде на вашите нозе.
А. Ј. | Црнобело