Balenciaga продава обетки од 840 евра: Би носеле ли клучеви на ушите?
„Што отвораат овие клучеви?“ Вака се шегуваат корисниците на социјалните мрежи, откако Balenciaga го покажа новиот смел дизајн на обетки што се продаваат по цена од 840 евра.
Понекогаш јавноста останува просто изненадена од производите што Balenciaga ги нуди во продажба.
Чанта во облик на вреќа за ѓубре, бразлетна во форма на селотејп, обетки во форма на врзани врвки за чевли, а сега продаваат нови обетки што можете да ги изработите и сами за 0 денари.
Новите обетки на Balenciaga се во облик на клучеви со овален приврзок на кој вообичаено се пишува од каде се клучевите.
А за овој моден додаток со логото на престижниот моден бренд ќе треба да издвоите скромни 840 евра.
Според брендот, овие обетки се основата на елеганцијата и на модерниот дизајн, а истовремено се парче уметност што веднаш го привлекува внимание.
„Со смел, модерен стил, овие обетки се совршен избор за оние што ја ценат креативноста и смелоста во модата, и на уникатен начин ја комбинираат класичната убавина со секојдневните предмети“ – стои во описот на обетките.
Инаку, овие обетки се малку посмел дизајн од претходниот модел со златен клуч, кои се продаваа по 70 евра, а многумина на шега коментираа:
„Каква палата отвора овој клуч?“
Ако се занемари логото на брендот кое никој нема ниту да го забележи оддалеку на обетките, исти такви веројатно можете да направите и сами за 0 денари, ако клучевите ги закачите на обетки во форма на алки.
Или пак можеби можете така да ги носите клучевите за никогаш да не ги загубите!?
Како и да е Balenciaga уште еднаш покажа дека во светот каде што мислиме дека сме виделе сè, сепак постои можност да се изненадиме.
Дали би носеле клучеви на ушите?
Б. С. Б. | Црнобело