Нов бизарен тренд од Balenciaga: Чанта како вреќа за ѓубре која чини 1.790 долари – дали и Ким ќе ја носи?

„Не можев да ја пропуштам можноста да ја направам најскапата вреќа за ѓубре во светот“ - Омилениот бренд на Ким Кардашијан, Balenciaga, во својата нова колекција вклучи чанта која е инспирирана од вреќа за ѓубре. Дали шетањето со вреќа за ѓубре како чанта ќе стане нов тренд? Можеби, ако Ким Кардашијан го прослави... 

bizarno-ili-moderno-chantata-inspirirana-od-vrekja-za-gjubre-so-potpisot-na-omileniot-brend-na-kim-kardashijan-chini-1-790-dolari-foto-01.jpg

Оваа чанта од Balenciaga за првпат беше претставена во март годинава, кога беше промовирана колекцијата за есен/зима 2022-ра година.

bizarno-ili-moderno-chantata-inspirirana-od-vrekja-za-gjubre-so-potpisot-na-omileniot-brend-na-kim-kardashijan-chini-1-790-dolari-foto-02.jpg

Производот е достапен во три различни бои: црна, сина и бела – всушност во истите бои во кои што се продаваат и обичните вреќи за ѓубре.

bizarno-ili-moderno-chantata-inspirirana-od-vrekja-za-gjubre-so-potpisot-na-omileniot-brend-na-kim-kardashijan-chini-1-790-dolari-foto-04.jpg

Според официјалната веб страна на брендот, чантата навистина е инспирирана од ќеси за ѓубре.

„Не можев да ја пропуштам можноста да ја направам најскапата вреќа за ѓубре во светот, затоа што не постои човек што не сака моден скандал“ – рече креативниот директор на брендот Демна Гвазалија.

bizarno-ili-moderno-chantata-inspirirana-od-vrekja-za-gjubre-so-potpisot-na-omileniot-brend-na-kim-kardashijan-chini-1-790-dolari-foto-03.jpg

Голем број луѓе на социјалните мрежи коментираат за високата цена од 1.790 долари по која се продаваат брендираните вреќи за ѓубре.

„Balenciaga продава вреќи за ѓубре од 1.700 долари“

„Сега е модерно да се шетате со вреќи за ѓубре“

Очекуваме Ким наскоро да се појави во стајлинг искомбиниран со најскапата вреќа за ѓубре, со оглед на тоа што овој бренд ѝ е омилен периодов. 

  Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бон-тон правила за носење чанта што треба да ги знае секоја дама Малата чанта не треба да ја држите под рака, а чантата со две пократки прерамки ...
Детали на кои треба да обрнете внимание кога купувате чанта – прават да изгледа „евтино“ Непријатен мирис и конци што висат – на кои ситници да обрнете внимание кога куп...
Чанта изработена од воздух и стакло на ревија на Модната недела во Париз - Тежи само 33 грама Чантата е изработена од наноматеријали што НАСА ги користи во вселенските мисии,...
6 модели на капути и јакни кои се хит оваа зима - ќе ви биде топло, а ќе изгледате префинето Модели на капути и јакни кои се хит оваа сезона - ако ги немате, сигурно ќе поса...
Balenciaga продава обетки од 840 евра: Би носеле ли клучеви на ушите? „Што отвораат овие клучеви?“ Вака се шегуваат корисниците на социјалните мрежи, ...
9 совети со кои ќе изгледате како „милион долари“ (без да потрошите многу пари) Плетен џемпер со V-отвор на линии, кафена чанта за секоја комбинација - некои па...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg