Детали на кои треба да обрнете внимание кога купувате чанта – прават да изгледа „евтино“

Непријатен мирис и конци што висат – на кои ситници да обрнете внимание кога купувате чанта, дури и поевтин модел?

detali-na-koi-treba-da-obrnete-vnimanie-koga-kupuvate-chanta-pravat-da-izgleda-evtino01.jpg

Повеќето не можат да си дозволат скапи брендирани чанти, но не мора да платите мало богатство за да имате убав модел.

Дури и евтините чанти можат да бидат добро изработени и да изгледаат убаво.

Но, сепак, потребно е да обрнете внимание на некои ситници.

6 детали кои прават чантата да изгледа „евтино“:

Непријатен мирис

Непријатниот мирис значи дека чантата е изработена од навистина лоши, па можеби и опасни материјали.

Истовремено, може да значи дека не била складирана добро, па „впила“ мирис од складот или нешто друго.

Која и да е причината, ако чантата мириса непријатно, немојте да ја купувате.

detali-na-koi-treba-da-obrnete-vnimanie-koga-kupuvate-chanta-pravat-da-izgleda-evtino-02.jpg

Конци што висат

Поевтините чанти не се изработени рачно и секако дека шевовите нема да им изгледаат добро како на скапите брендирани модели.

Но, ни на евтините чанти не треба да има конци што висат.

Ова не само што изгледа лошо, туку е знак дека чантата набрзо ќе се распадне.

detali-na-koi-treba-da-obrnete-vnimanie-koga-kupuvate-chanta-pravat-da-izgleda-evtino-03.jpg

Лошо сошиени прерамки

Кога купувате чанта, добро проверете и како се сошиени прерамките.

Ако и овде висат конци или има многу малку шевови, чантата не само што нема да изгледа добро, туку и прерамките може да се скинат многу брзо.

detali-na-koi-treba-da-obrnete-vnimanie-koga-kupuvate-chanta-pravat-da-izgleda-evtino-04.jpg

Несоодветни детали

„Кич“ декорации, контрастни конци – ова се ситници кои прават чантата да изглед „евтино“, без разлика колку сте ја платиле.

detali-na-koi-treba-da-obrnete-vnimanie-koga-kupuvate-chanta-pravat-da-izgleda-evtino-05.jpg

Лошо склопени делови

Постава во внатрешноста која е преголема и истуткана, лошо сошиен патент, криво сошиени прерамки... Ваквите детали прават чантата да изгледа „евтино“.

detali-na-koi-treba-da-obrnete-vnimanie-koga-kupuvate-chanta-pravat-da-izgleda-evtino-06.jpg

Чантата е премногу лесна

Ако чантата е премногу лесна, тоа значи дека е изработена од многу неквалитетни материјали и брзо ќе се уништи.

detali-na-koi-treba-da-obrnete-vnimanie-koga-kupuvate-chanta-pravat-da-izgleda-evtino-07.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бон-тон правила за носење чанта што треба да ги знае секоја дама Малата чанта не треба да ја држите под рака, а чантата со две пократки прерамки ...
Чанта изработена од воздух и стакло на ревија на Модната недела во Париз - Тежи само 33 грама Чантата е изработена од наноматеријали што НАСА ги користи во вселенските мисии,...
Зошто славните дами шетаат само по долна облека (и прават тренд од тоа)? Бела Хадид јаде парче пица додека шета по гаќи, Кајли Џенер прошета со долна обл...
8 модели на сандали и влечки кои ќе бидат тренд ова лето Плетени, сандали со високи полни потпетици, влечки со златни и сребрени детали.....
10 модели на чанти кои ќе доминираат оваа година Од актовки спремни за работа кои одговараат на деновите подготвени за во канцела...
Бои на облека кои најмногу одговараат на бринети: 5 победнички опции Бои кои ќе ја истакнат вашата природна убавина и боја на коса, а со кои ќе изгле...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg