8 минималистички парчиња облека и додатоци што треба да ги имате во 2025-та

Широк костим (или барем сако), класична црна чанта која се носи со буквално сè и златни обетки – што ќе биде хит во новата година?

8-minimalistichki-parchinja-obleka-i-dodatoci-shto-treba-da-gi-imate-vo-2025-ta-01.jpg

Кога станува збор за модата, во 2025 година минимализмот ќе доминира.

Удобноста и едноставноста ќе бидат многу поважни, а минималистичките аутфити го нудат токму тоа.

Минималистичките парчиња лесно се комбинираат едни со други, па никогаш нема да ви недостасуваат опции за комбинации.

Исто така, доста популарни ќе бидат винтиџ парчињата, како и досега, па слободно можете да побарате нешто во гардероберот на вашата мајка.

Осум минималистички парчиња во кои вреди да вложите годинава:

Широк костим (или само сако)

Широките костими се елегантни, стојат добро на секаков тип телото, а можете да ги носите и со елегантни чевли, и со патики.

Исто добро изгледаат и комбинациите со сако и здолниште.

Ако не сте фан на костими, тогаш купете барем широко сако кое ќе можете да го комбинирате со фустани, но и со фармерки.

8-minimalistichki-parchinja-obleka-i-dodatoci-shto-treba-da-gi-imate-vo-2025-ta-02.jpg

Бела кошула

Белата кошула е класика која никогаш не излегува од мода.

Идеална е за деловни комбинации, но изгледа мошне добро и со фармерки, за полежерен изглед.

8-minimalistichki-parchinja-obleka-i-dodatoci-shto-treba-da-gi-imate-vo-2025-ta-03.jpg

Златни обетки

Златото секогаш е хит, а според експертите, во 2025-та ќе доминира пред среброто.

За моделот на обетките одлучете сами, но едни од најпопуларните ќе бидат малите алки, како и моделите кои наликуваат на крофни.

8-minimalistichki-parchinja-obleka-i-dodatoci-shto-treba-da-gi-imate-vo-2025-ta-04.jpg

Фармерки со рамен крој

Тесните фармерки ќе ги избегнуваме и во 2025-та, но затоа, пак, моделите со рамен крој ќе бидат вистински хит.

За разлика од mom jeans, овие модели сепак се малку потесни, па прават нозете да изгледаат поубаво.

Притоа, удобно се, а можете да ги носите во секакви пригоди.

8-minimalistichki-parchinja-obleka-i-dodatoci-shto-treba-da-gi-imate-vo-2025-ta-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

6 есенски комбинации на бои со кои нема да погрешите Сте помислиле ли да комбинирате бургунди со црно или тегет со жолто? Оваа есен е...
8 парчиња летна облека кои мора да ги имате во својот плакар Секоја жена во својот плакар треба да има бел фустан што ќе може да го носи во с...
8 парчиња облека кои ни се омилени, но веќе не се во мода Фармерки „цевка“, широки палта, миди здолништа... иако ги обожаваме, веќе не се ...
18 парчиња облека кои жени ги сошиле дома, а личат како да се од продавница (фото) „Си го сошив фустанот за церемонија на доделување награди. Материјалот со свилен...
Како да го изберете совршениот костим за капење (според обликот на телото)? Ако имате стомаче и сакате да го скриете, не мора да носите исклучиво едноделни ...
Модни парчиња кои ќе бидат тренд за зима 2024 (и треба да ги купите веднаш) Јакна „шал“, впечатливи ракавици и џемпери со сите бои на нив... Што ни носи зим...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg