8 минималистички парчиња облека и додатоци што треба да ги имате во 2025-та
Џемпер со риги
Неколку сезони по ред, ригите се популарен избор, а истото ќе важи и во 2025-та.
Џемперите со риги изгледаат одлично со фармерки, панталони, но и здолништа и им даваат доза елеганција и на лежерните комбинации.
Едноставни очила за сонце
Очилата за сонце се задолжителни, и не само заради изгледот.
Но, ако се двоумите за модел, изберете нешто поедноставно, најдобро во црна или неутрална боја.
На овој начин, еден пар ќе можете да го комбинирате со сè.
Плетен фустан
Еден за зима и еден памучен за потоплите денови.
Плетените фустани ќе бидат популарни и во 2025-та, па ако лани не сте си купиле, сега е вистинското време.
Класична црна чанта
Едноставната црна чанта е безвременска и се комбинира со скоро сè.
Аоо размислувате да дадете повеќе пари за еден детаљ, тоа нека биде квалитетна црна чанта која сигурно ќе ја носите постојано.
Спирова С. | Црнобело