Не размислувај каква шминка ќе ставиш на себе, те сакам онаква каква што си, без грам фасада, онаа која ќе ти ги покрие подочниците модри од неспиење, од умор и загриженост или малите, одвај видливи ситни брчки околу устата создадени од смеење. Ја сакам секоја твоја брчка, сакам да ги бакнувам твоите подочници, да го избришам уморот, да ти ја ублажам тагата...