Не сум тука за да ти бидам кловн, ако ме сакаш - ме сакаш, ако не - збогум
Да бидам верна, мала женичка која не се буни за ништо, не сум јас таа. Да молчам за насилство и неправда, затоа што ако молчам и јас сум дел од тоа.
Не сум тука за...
Да исполнувам туѓи очекувања, особено оние за кои не ни знам дека постојат затоа што не ми се јасно и гласно кажани.
Да бидам постојано расположена и насмеана, затоа што има периоди кога не сум и не сакам да глумам.
Да бидам верна, мала женичка која не се буни за ништо, не сум јас таа.
Да молчам за насилство и неправда, затоа што ако молчам и јас сум дел од тоа.
Да пропуштам шанси. Па ако не сега, тогаш кога?
Да кукам како беспомошна жена, па тоа те уморува во животот.
Да давам објаснувања секому. Нема потреба, никој не ми плаќа вода и струја, сама го правам тоа.
Да си ја мачам главата со прашањето „Што би било кога би било?“
Да жалам по луѓе што ме напуштиле, а и сама себе да се сожалувам. Животот е таков.
Да го жртвувам животот во име на професијата. Сакам да спијам, да патувам, да се дружам.
Да бидам 24/7 беспрекорно средена убавица. Сè помалку се шминкам.
Да попуштам, само затоа што некој е постар, поискусен и попаметен од мене.
Да заведувам и анимирам мажи, кој ме сака ме сака, кој не – нема потреба.