Парите, по својата природа, не се вредност, но важни се бидејќи ни овозможуваат стекнување на некои други вредности. Оној кој има доволно пари може да си дозволи многу работи, да оствари многу желби за себе, како и луѓето кои му се блиски. Но моќта на парите е, исто така и ограничена, бидејќи многу работи не можат да се купат. Прашањето е како, всушност, парите влијаат на љубовта и обратно.