„Бракот ме фрустрира, има ноќи без секс и седи влакна, повеќе ништо не е исто, но го сакам“
„Сопруг. Сопруга. Цимери? Пред години ако некој ми кажеше дека врската еден ден ќе ми се смени, ќе му се смеев и ќе му кажев дека нема шанси...“
Не е тајна дека децата влијаат многу на врската и една мајка од Австралија го отвори срцето на темата.
Мел Вотс комплетно искрено на својот Фејсбук проговори како нејзината 10-годишна врска со партнерот не е веќе тоа што била.
Нејзината исповед:
„Сопруг. Сопруга. Цимери? Пред години ако некој ми кажеше дека врската еден ден ќе ми се смени, ќе му се смеев и ќе му кажев дека нема шанси. Пишувам од дното на срцето. Пред некој ден седев и плачев од непознати причини (добро можеби не непознати - ПМС-то влијаеше) додека се обидував да заспијам.
Тој ‘рчеше по напорната недела, а јас бев комплетно будна мислејќи на работите кои ги правевме порано. Колку бевме поинакви. Му бев лута за промената. Си бев лута за промената. Не е ничија вина. Само е момент во нашите животи каде може да кажам дека не е сè рози.
Долгите ноќни состаноци повеќе ги нема. Изненадните викенди ги нема, повеќе не можеме да си ги дозволиме. Долгите топли тушеви заедно се невозможни, сега правиме тим кој да се грижи за децата, долгите ноќни разговори сега се тивко лежење еден кон друг свртени со грб надевајќи се дека другиот ќе стане да го смири расплаканото бебе. Некои луѓе знаат да ги организираат работите, а на некои како нас им е тешко да пронајдат баланс.
Децата станаа приоритет број еден и мора да научиме како нашата врска да ја туркаме кон приоритетите на нашата листа. Мислам дека со време ќе успееме во тоа. Мора да ги минеме овие тешки времиња за да стигнеме дотаму.
Не е дека е толку тешко, туку е поинаку. И понекогаш поинаку е тешко. Работите се променија. Дали се променија на полошо? Не, сè уште сум вљубена во сопругот.
Само тоа е поинаков тип на врска. Тоа е обврска, Повторливо е и фрустрира. Ново поглавје од мојот живот е и знам многу луѓе кои минуваат низ тоа.
Врската сè уште ни е жива, но сега има уште 3 човечки суштества во неа. Дали мислам дека заслужува повеќе? Се разбира дека заслужува повеќе од неговата несредена жена која постојано се жали нешто.
Ако некој ме праша: „Дали врската се менува со текот на времето?“ Ќе им одговарам – ДА. Ништо нема да биде лесно засекогаш. Ништо нема да остане исто. И тоа е во ред. Животот се врти околу промените.
Мора да станете едно и да останете заедно за време на доброто, лошото и децата. Кога ќе престанете да се споредувате со старите вие станува полесно. Зборувајте и ќе сфатите дека исто се чувствувате.
Ќе има ноќи без секс и седи влакна. Нема да има втора партија и ништо нема да биде стегнато. Но, не би сакала да бидам стара и растресена со ниту еден друг маж на светов.“
С. С. | Црнобело