Не очајувајте ако сте сингл на 30 – Како да го искористите слободното време?

Љубовните врски се едно од најубавите и најважните искуства во животот на еден човек. Но, ништо помалку не е ниту искуството да се биде сингл во триесетите години од животот.

Singl na 30 Ne ochajuvajte 01

Патувања, самостојно живеење, пресвртници во кариерата... Дури и едноставните неделни утра кога ќе си дозволите да поспиете малку повеќе и ќе си послужите појадок во кревет ќе ве научат да бидете подобра личност.

Да, не е сè мед и млеко кога не сте во врска; постојат моменти кога се чувствувате осамени и отфрлени, кога мислите дека за вашето лонче не постои капаче.

Но, има светло на крајот од тунелот и воопшто, ама баш воопшто не е лошо да сте сингл и во своите 30-ти.

А што може да направите за себе?

Тргнете на непланирано патување

Има нешто посебно возбудливо во тоа да го спакувате куферот за десетина минути и да заминете непланирано. Уште повозбудливо е ако имате доволно време и пари за да се впуштите во авантура на некоја од светските дестинации.

Предноста на тоа што сте сингл е што не мора да се грижите дали на партнерот ќе му се допадне идејата, ниту пак дали ќе биде расположен и подготвен да учествува во сите активности со вас, а доволно сте возрасни за да знаете што точно сакате да искусите и колку можете да си дозволите.

Живејте сами

Додека не се одделите од вашите родители нема да сфатите што значи да се има свој дом, свое светилиште. Не дека нема да ви недостасуваат, туку сопствениот дом е местото каде може да живеете по ваши правила.

Во најмала рака, просторот ќе биде израз на вашата лична естетика и ако тоа значи да имате розова кујна, само напред. Експериментите се дозволени кога сте сингл.

Искористете го својот потенцијал

Можеби имате пасија или хоби од детството за кое никогаш немавте доволно време; можеби имате талент и знаење за одредена област што може да им го пренесете на другите – периодот кога сте сингл може да биде многу продуктивен во овој поглед, а со самото тоа што ќе се обидете ќе се чувствувате многу позадоволни.

Посведочете нешто величенствено

Пирамидите во Египет, Големиот Кањон, сафари во Африка – доколку финансиите ви дозволуваат, испланирајте го вашиот следен одмор од соништата.

Наполнивте 30 и сè уште сте сингл? Не трошете ниту секунда сожалувајќи се. Вратите на светот ви се отворени да правите сè што ви ја храни душата – искористете го тоа.

Па, можеби токму некое од тие искуства ќе ве донесе до следниот чекор и ќе го промените љубовниот статус... 

А. Ш. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...
„Сопругот не сака да има секс со мене откако останав бремена – што да правам?“ „Не беше вака пред да останам бремена, па почнав да се мразам и себеси и него и ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg