Дали страдате од траума на предавство и како да бидете во среќна врска потоа?

Траума како поим во себе носи многу тежина и може да биде поврзан и со физичка, но и со психолошка и емоционална катастрофа.

dali-stradate-od-trauma-na-predavstvo-i-kako-da-bidete-vo-srekjna-vrska-potoa-01.jpg

Спектарот на траумите е многу широк, а кога се работи за психолошка или емоционална траума, симптомите се слични на физичката и лицето не може соодветно да се избори, сè додека не побата траума.

Кога се врските во прашање, често како последица на нив, односно на раскинувањата, може да се појави траумата на предавство. Таа може да биде предизвикана од раскинување, од заминување, од развод, а постои и во другите односи, семејни и пријателски. Тоа предизвикува страв од врзување и поврзување, до степен што личноста целосно си се саботира кога се во прашање создавање пријателства и врски.

Ова се неколку знаци дека и вас ви се случува истото:

Имате кошмари и ноќни терори

Околу 60% од луѓето кои имале траума од предавство имаат проблеми со спиењето, сонуваат лошо и имаат луцидни соништа.

Избегнувате луѓе

Без разлика дали се работи за семејство или пријатели, а уште помалку за нови познанства, оваа траума се манифестира и со целосно бојкотирање на односите и изолирање.

Параноја

Луѓето кои искусиле траума на предавство се претерано претпазливи и параноични и постојано гледаат потенцијална опасност за себе во луѓето околу нив. Поради тоа имаат проблем да воспостават здрав однос.

dali-stradate-od-trauma-na-predavstvo-i-kako-da-bidete-vo-srekjna-vrska-potoa-02.jpg

Се чувствуваат несакано

Кај овие лица е врежано дека со нив нешто не е во ред и затоа биле изневерени и предадени. Ова ги лишува од сите можности да создадат пријателство или врска.

Посттрауматско стресно нарушување

Дури и кога траумата е надмината, нарушувањето кое стресот го предизвикало останува уште извесен период, а во потешки случаи и многу подолго.

Суицидност

За жал, постојат и оние случаи кога траумата го доведува лицето во безизлезна состојба и мисли дека решението за сè е да се прекине животот, бидејќи на тој начин помалку боли.

dali-stradate-od-trauma-na-predavstvo-i-kako-da-bidete-vo-srekjna-vrska-potoa-03.jpg

Физички симптоми

Освен менталните, постојат и физички симтпоми, како што се губењето интерес за сè наоколу или концентрирање на една до две активности за да може да се посветат целата енергија и вниманието на нешто што не потсетува на траума. Луѓето забележуваат тага во очите, но и промени во однесувањето. Колку и да се обидуваат да контролираат, луѓето кои ја преживеале траумата физички ја манифестираат преку односите, но и самиот изглед.

Поразителен е фактот што посттрауматскиот стрес некогаш може да трае и со децении, особено ако никој не го забележи.

Како да се надмине?

Надминувањето не е краткотраен процес, напротив. Потребно е најпрво да сте отворени кон себе и кон она што го чувствувате. Доверете се на некого кого му верувате. Бидете отворени со своите емоции, па дури и побарјте помош од психотерапевт.

Најважно од сè е да запаметите дека траумата не смее да биде таа што ве дефинира како личност. Напротив, дефинирајте се самите со помош на сето тоа што ви се случило, со тоа што ќе станете подобра личност која учи од своите искуства.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Помалку очигледни знаци дека ја привлекувате личноста што ви се допаѓа Често трепка кога зборува со вас и ги крева веѓите кога ќе ве здогледа – неретко...
Знаци дека некој се вљубува во вас на прв поглед, според експерт за говор на тело Разговара со вас, а погледот ѝ шета од очите до усните... Кои знаци ја издаваат ...
4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
Една најважна лекција што ја научив за љубовните врски „Мојата сопруга почина по само 10 години брак, така што ‘засекогаш’ не ви е вете...
Прашувам за пријател: „Сопругот не сака деца, а јас сум љубоморна на мојата бремена пријателка - што... „Кога се запознавме ми кажа дека не сака да имаме деца додека немаме своја куќа....

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg