Знаци дека некој се вљубува во вас на прв поглед, според експерт за говор на тело

Разговара со вас, а погледот ѝ шета од очите до усните... Кои знаци ја издаваат личноста што се вљубува на прв поглед?

znaci-deka-nekoj-se-vljubuva-vo-vas-na-prv-pogled-spored-ekspert-za-govor-na-telo-01.jpg

Можеби ви се чини дека љубовта на прв поглед може да се случи само во филм или во љубовни романи, но факт е дека таа постои. Според експертот за говор на тело Џуди Џејмс, може да постојат неколку сигурни знаци што ќе ви укажат на тоа дека некој веднаш се вљубил во вас.

„Љубовта на прв поглед се случува кога еден комплексен, речиси компјутерски процес се случува во неколку секунди, што на емотивно ниво е еквивалентен со џекпот.

Но, без сомнеж, најголемиот број симптоми на љубовта на прв поглед се креирани со помош на очите – сѐ започнува и завршува со поглед“ – вели таа за The Sun.

znaci-deka-nekoj-se-vljubuva-vo-vas-na-prv-pogled-spored-ekspert-za-govor-na-telo-03.jpg

Кои се според неа шесте сигурни знаци дека некој се вљубува на прв поглед?

Оддалеку ви ги имитира движењата

Ако се наоѓате на некоја забава или во бар и забележите како некој го имитира вашето темпо, начинот на кој се движите или на кој разговарате, тоа може да биде знак дека се вљубува на прв поглед.

znaci-deka-nekoj-se-vljubuva-vo-vas-na-prv-pogled-spored-ekspert-za-govor-na-telo-02.jpg

„Прчење“

Не мора да значи дека личноста како паун ќе ги крене градите и ќе се прави важна, но можете да забележите дека постојано ја допира косата, вратот или рамената, за да ја забележите.

znaci-deka-nekoj-se-vljubuva-vo-vas-na-prv-pogled-spored-ekspert-za-govor-na-telo06.jpg

Ве гледа (во уста) кога зборувате

Најдобар знак дека некој флертува со вас е погледот кој е вперен во вас додека зборувате. Уште подобро е ако забележите дека погледот му шета од очите до усните и обратно – тоа значи дека веќе размислува како да ве бакне.

znaci-deka-nekoj-se-vljubuva-vo-vas-na-prv-pogled-spored-ekspert-za-govor-na-telo-06.jpg

Ве игнорира

Ако забележите дека некој упорно ве гледал неколку минути, а потоа ненадејно си седнува и гледа наоколу, тоа може да значи дека се обидува да ви го сврти вниманието кон себе.

Ваквиот начин на флертување, во голема мера може да значи дека некој е заинтересиран за вас.

znaci-deka-nekoj-se-vljubuva-vo-vas-na-prv-pogled-spored-ekspert-za-govor-na-telo-05.jpg

„Мачешка“ насмевка

Слично како мачките, и луѓето знаат да „се смеат“ со очите. Ако забележите дека некому очите му се стеснуваат и погледот му станува нежен, тоа може да значи дека му се допаѓате и дека сте му привлечни.

znaci-deka-nekoj-se-vljubuva-vo-vas-na-prv-pogled-spored-ekspert-za-govor-na-telo-07.jpg

Меркање

Гледате во некого, а личноста ви го возвраќа контактот, а потоа го упатува погледот надолу и ја наведнува и брадата на неколку секунди, по што пак ве погледнува и се смее - тоа може да биде сигурен индикатор дека чувствува привлечност или нешто посилно.

znaci-deka-nekoj-se-vljubuva-vo-vas-na-prv-pogled-spored-ekspert-za-govor-na-telo-08.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
„Девојка ми не сака да работи и очекува јас да плаќам за сè – мислам дека е мрзлива и има нереални ж... „Со девојка ми сме заедно повеќе од две години. Ми кажа дека сакала само јас да ...
Секс колумнистка со критики до мажите: „Не се бањаат, па се чудат зошто сопругите не сакаат да имаат... „Сите мажи во брак се жалат дека сопругите не им ги задоволуваат потребите. Сите...
Зошто ја напуштив сопругата за љубовницата (и што можеше таа да направи за да ме задржи)? „Во спалната соба Меги почна да зазема одбранбена поза, стуткана во аголот со св...
Луѓе откриваат: „Предупредувачки знаци кај бившиот што ги игнорирав“ „Неговите пријатели ми рекоа да се држам настрана од него. И, тоа требаше да ми ...
„Сопругот не сака да има секс со мене откако останав бремена – што да правам?“ „Не беше вака пред да останам бремена, па почнав да се мразам и себеси и него и ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg