Прашувам за пријател: „Сопругот не сака деца, а јас сум љубоморна на мојата бремена пријателка - што да правам?“
„Кога се запознавме, сопругот ми кажа дека не сака да имаме деца додека немаме своја куќа. Штедевме и иако купивме куќа лани, тој сега вели дека воопшто не сака деца и дека животот ни е комплетен и без нив. Ова ме изненади и повреди, оти секогаш велеше дека еден ден ќе имаме дете“, вели очајна Британка.
Читателка на Metro.co.uk од Велика Британија испратила порака до редакцијата на магазинот и колумнистката Лора Колинс, која одговара на прашања поврзани со љубовни и секс проблеми.
„Се наоѓам на крстосница - дали да се радувам што моја блиска пријателка е бремена, или да престанам да комуницирам со неа бидејќи сум љубоморна на нејзината бременост. Очајно сакам да имам дете, но мојот сопруг вели дека тоа ќе ни го искомплицира животот.
Заедно сме шест години, а две од нив во брак. Двајцата сме во раните триесетти години и сметам дека дете е следниот логичен чекор. Кога се запознавме ми кажа дека не сака да имаме деца додека немаме своја куќа.
Штедевме и иако купивме куќа лани, тој сега вели дека воопшто не сака деца и дека животот ни е комплетен и без нив. Ова ме изненади и повреди, оти секогаш велеше дека еден ден ќе имаме дете.
Разговарав отворено со него, но тој вели дека тоа што ги гледа нашите пријатели со деца му е мотив повеќе да нема свое - смета дека децата се гласни, дека бараат многу време и дека е скапо да се грижиш за дете.
Очајна сум, дури и размислувам да го измамам за да останам бремена, но секогаш имаме секс со кондом, па и тоа е невозможно. Почнувам да се оддалечувам од него.
Истовремено, не комуницирам ни со бремената пријателка, бидејќи ме боли нејзината среќа, а не сакам да е така. Што да правам?“
Лора Колинс, која одговара на дилемите на читателите поврзани со сексот и љубовните проблеми, ја советува да го реши ова прашање пред таа и нејзиниот сопруг да почнат да се презираат еден со друг.
„Можеби врската ви е одлична, но ако не се сложувате околу планирањето на семејството и потомоството, тогаш може да се создаде голем јаз меѓу вас. Ова може да предизвика презир, па и омраза. Затоа, пред работите да отидат предалеку, разговарајте со сопругот.
Ако тој смета дека животот му е комплетен без деца, прво осигурете се дали тој навистина никогаш нема да сака да има свое дете. Одговорот може да ве повреди, но барем ќе ја знаете вистината.
Ако вие сакате дете, тогаш не мора по секоја цена да го прифатите неговиот став, бидејќи за 10 години сигурно ќе жалите што не сте станале мајка. Понекогаш треба да се борите за бракот, но, кога постојат олку големи разлики, тогаш можеби не треба да се обидете да го сочувате по секоја цена.
Ако тој сфати дека можеби ќе го оставите поради тоа што не сака да стане татко, можеби ќе го смени мислењето.
А, што се однесува до вашата пријателка - тоа што сте тажна поради себе не значи дека не можете да бидете среќна за неа. Обидете се да ја прифатите нејзината среќа, можеби еден ден, наскоро, и таа ќе се радува затоа што сте вие бремена“.
А. Ј. | Црнобело