Караницата со партнерот решете ја со допир
Караниците во љубовните врски се неизбежни. Кога двајца поминуваат многу време заедно, тогаш тој однос ќе наиде и на пречки во даден момент.
Расправијата со партнерот може да биде стресна и фрустрирачка и трајно да го наруши односот. Но, тоа не мора да биде случај со секоја караница. Всушност, сето тоа можете да го завршите на многу конструктивен начин.
Најпрво, треба да се обидете реално да го решите проблемот, а не само да извојувате победа. За тоа е потребна силна волја и од двете страни, но и емпатија, како и самоконтрола во врска со она што го кажувате.
Допирите ослободуваат окситоцин
Постои силна причина да верувате дека само еден допир е доволен за да се потсмири караницата. Секако, доколку целта е решавање на проблемот и подобрување на односот. Допирот од саканата личност ослободува окситоцин, кој биолошки делува врз заедничкото поврзување.
Доколку за време на расправијата се создадат услови за нежен допир, употребете ја неговата моќ. Тоа ќе го намали стресот и ќе ве мотивира и двајцата да се посветите на проблемот и заеднички да најдете решение.
Претпоставувавте ли дека некогаш решенијата се толку едноставни и очигледни?
Секако, доколку се работи за посериозна расправија, на пожесток тон, треба најпрво да се обидете да бидете над ситуацијата. Потоа, можете да ја примените магијата на допирот и да знаете дека сте направиле сè што е во ваша моќ за да придонесете за полесно решавање на проблемот.
Е. Д. | Црнобело