Отворено, искрено писмо до наредната личност што ќе ме сака
Драга идна личност што ќе ме сакаш,
Која и да си и каде и да си, не знам како и кога нашите патишта ќе се вкрстат, но чувствувам дека треба да ти ја отворам душата и да споделам нешто со тебе.
Јас не сум личност која го живее животот со половина здив.
За разлика од повеќето, јас сум некој кој сака страсно, огнено и длабоко.
Па, нема да биде лесно, но ти се колнам... Ќе вреди.
Некои ми имаат кажано дека сум тешка личност за сакање, но само затоа што мојата љубов беше премногу за нив. Некои од нив беа исплашени да го прифатат моето срце, кое им го понудив. Некои од нив беа премногу исплашени од мојата храброст да ризикувам сè само за да бидам со нив.
Но, признавам тоа беа моите грешки. Се предадов на емоциите. Верував дека има некој кој ќе ме фати, но вистината беше... дека немаше никој таму. Па, паднав и се повредив.
И затоа сега се чувам себеси. Не им верувам на луѓето. Потребно ми е време за да се ослободам и да бидам тоа што сум пред другите. Но, една работа која не се смени и никогаш нема да се смени е фактот што јас сакам вистински.
Тој дел од мене никогаш не умре. Ги знам последиците. Но, не можам да сакам на ниту еден друг начин.
Сакам длабоко. Сакам силно. Сакам страсно. Сакам на вистинскиот начин.
Единствената работа која ми е потребна сега е време.
Затоа те молам биди трпелив/а со мене.
Ќе ми треба време да те запознаам, да почнам да ти верувам, да ја разголам мојата душа пред тебе и да ти се предадам, но ќе дојдам до тоа. Ти ветувам. Ќе стигнеме до тоа.
Сакам да имаме љубовна приказна за какви книги се пишуваат. Заслужуваме шанса. Јас и ти заслужуваме да бидеме сакани.
Јас не сум лесна личност за сакање, но ако си подготвен/а да ризикуваш ти ветувам дека нема да зажалиш.
Само сакај ме како да го мислиш тоа. И ти верувам дека ќе те сакам на начини на кои не си ни можел/а да замислиш дека може да бидеш сакан/а.