Се плашам дека ти ќе бидеш приказната која еден ден ќе ѝ ја раскажувам на мојата ќерка...
Мислам дека она што најмногу ме плаши е дека еден ден ти ќе бидеш приказната која ќе ѝ ја раскажувам на мојата ќерка.
Кога ќе биде стуткана во кревет, покриена со ќебе и завиена со своето скршено срце, кога нема да сака да јаде ништо, освен последните лаги и зборови кои момчето ѝ ги пишало преку СМС, кога нема да може да спие бидејќи едно „збогум“ ѝ ги крши коските на милион парчиња секојпат кога ќе ги затвори очите.
Ќе седнам на нејзиниот кревет, додека ми лежи во скутот, ќе се обидам да го исчешлам неговиот мирис од нејзината коса и да ги избришам солзите со мојата маица и ќе и раскажам за едно момче кое го запознав кога имав 20 години, кое седеше до мене само 5 минути, а во кое се заљубив после 2 недели, кое ме спаси и уништи истовремено.
Ќе ѝ кажам дека болеше. Толку болеше, што речиси ќе ме убиеше. Болеше до тој степен што мајка ми престана да оди на работа за да биде со мене, да се осигура дека нема да направам нешто непромислено.
И потоа ќе ѝ кажам како одеднаш работите станаа подобри. Како престана да боли. Како престанав да се кршам.
Мојата мајка почна повторно да оди на работа. Јас станав од кревет.
Но, никогаш нема да ѝ кажам дека до ден денес сè уште понекогаш го сонувам и утредента дишам малку потешко, како и за старите слики кои сè уште стојат во една скриена, прашлива кутија...