3 нешта што ќе ги забележите кај себе кога сте во сигурна врска
Секоја врска си има свои светли и мрачни моменти, а со самото нивно надминување и преживување, парот создава трајна нишка, која може да трае дури и ако врската некогаш прекине.
Да се љуби е прекрасно, а уште поубаво е кога имате партнер кој ве поддржува и ве прави да бидете најдобрата верзија од себе.
Кога нештата не одат добро, тоа влијае и врз вашето срце и врз умот, но кога е врската цврста, тогаш сте посигурни и во другите области во животот.
Сепак, колку и да љубите, држете до своите идентитет и независност, партнерот не треба да ве дефинира, туку да ве надополнува.
А, тоа ќе го забележите по следниве три нешта:
Помалку сте анксиозни
Понекогаш реалноста е доволна да создаде услови за појава на анксиозност, но кога ја имате љубовта на партнерот, сето тоа се чини многу полесно. Сигурно и самиот почеток на врската ве правел несигурни, но ако сте во подолга врска и сте среќни, тогаш анксиозноста се појавува навистина ретко.
Кај паровите кои се подолго заедно, постои искрена и длабока комуникација, како и доверба и разбирање. Стабилноста во врската може да ве направи стабилни и во другите аспекти од животот.
Умеете да бидете сами
Кога сте во цврста врска, тогаш не се плашите од излегувањата на партнерот со пријателите, ниту тој од вашите. Умеете да поминете ноќ без него, без воопшто да се сомневате дека врската ви е загрозена.
Тоа има многу предности, но најважно од сè е што се поштедувате од многу нервози и параноја.
Го сфаќате значењето на пријателството
Многупати сме биле сведоци како пријателства се распаѓаат поради нова врска. Но, кога сте зрели и стабилни, знаете дека можете да ги запоставите привремено, но не и да ги заборавите засекогаш своите најблиски пријатели.
Исто така, вашиот партнер има почит дури и кон оние ваши пријатели кои не му се допаѓаат, а истото го правите и вие, без тоа да влијае ниту на пријателствата, ниту на врската.
Е. Д. | Црнобело