Како ја бираме љубовта и што сé влијае врз изборот на партнерот?

Од најрано детство ја прифаќаме сликата според која ќе го избереме идниот партнер. Овие „идеални“ слики се нарекуваат Анима и Анимус, според Карл-Густав Јунг. Анима е вградена слика на жена, според која мажите ја избираат партнерката, додека анимус е сликата на мажот, според која жената го избира партнерот. На развојот на овие слики влијае начинот на кој сме воспитани, како и средината во која растеме. Децата учат како да се однесуваат преку своите родители, односно нивниот меѓусебен однос.

Kako ja birame ljubovta i sto se vlijae vrz izborot na partnerot 01

Кога зборуваме за Анима и Анимус, треба веднаш да се истакне дека сексуалноста и физичката привлечност не се на прво место. Исто така, не е многу важно она што свесно го сакаме од партнерите. Анимус и Анима се несвесни слики, затоа на прво место доаѓаат нашите несвесни перцепции и ставот кон спротивниот пол.

Ова најдобро ќе се објасни преку пример. Да речеме дека мајката е доминантниот член во семејството, додека таткото е пасивен член. Поради овој однос ќерката најверојатно ќе ја привлекуваат мирни, пасивни мажи, додека она ќе ја има улогата на доминантната жена. Синовите, во овој случај, ќе бараат доминантни жени. И синот и ќерката ќе ги прифатат овие улоги сосема несвесно, бидејќи така се научени.

Kako ja birame ljubovta i sto se vlijae vrz izborot na partnerot 02

Ова е многу општ пример, работите стануваат комплицирани доколку се влезе подлабоко во проблематиката. Ако доминацијата на едниот родител е демонстрирана преку агресија и суровост, тогаш ги имаме негативните аспекти на Анима и Анимус. Децата ваквото однесување не го категоризираат како добро или лошо, го прифаќаат како нешто нормално, следејќи го примерот на нивните родители, за подоцна несвесно да ги привлечат партнерите кои слично се однесуваат.

Можеме ли да го избереме партнерот без влијанието на нашите родители? Одговорот е да, но треба да бидеме свесни за тоа што се случува. Најлесен начин е да се утврди моделот кој се повторува во нашите љубовни врски. Ова ќе ни даде повеќе слободни избори во потрагата кон „идеалниот“ партнер.

Kako ja birame ljubovta i sto se vlijae vrz izborot na partnerot 03

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
„Бремена сум, а партнерот има афера со колешка, како треба да постапам?“ „Го сакам мојот партнер и сум во шестиот месец од бременоста и би сакала нашето ...
Предупредувачки знаци дека се соочувате со криза во бракот, низ илустрации Останувате заедно само поради децата и тешко ви е да се присетите на убавите мом...
Знаци дека партнерот не ужива во сексот со вас (и што да направите околу тоа) Ако кај партнерите не постои спонтано допирање кое претходно постоело или прегра...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg