Како се менувале сексуалните навики на жените од '90-те години до денес?
Перцепцијата на сексот кај жените е сосема поинаква во споредба со перцепцијата пред 20-30 години. Но што всушност се промени? Жените станаа многу похрабри и посигурни, кога станува збор за сексот, за разлика од порано, што се сосема разбирливо.
И мажите, како и жените претрпеле многу промени во своите сексуални навики, а кога сме веќе кај нив, ова се некои од најважните промени во сексуалните навики кај жените.
Како изгледале работите во 1993-та година, а како изгледаат денес?
Колку жени имаат проблеми со самодовербата во кревет?
Во 1993-та година 39% од жените откриле дека повеќе би уживале во сексот кога би изгубиле килограм-два. Денес на истото прашање дури 75% од жените го тврдат истото. Овој голем скок можеме да го објасниме со влијанието на културата и медиумите кои ги диктираат „идеалните“ пропорции кои би требало да ги имаат жените.
Колку жени имале секс за една ноќ?
Во 1993 година 37% од жените изјавиле дека имале секс за една ноќ, денес овој број се зголеми на 48%.
Колку жени гледаат порнографија?
Во периодот од 1993 до денес, бројот на жени кои гледаат порнографија се зголеми од 21% на 35%.
Колку често жените водат љубов?
Во '90-те години 50% од жени изјавиле дека водат љубов пет до шест пати месечно. Денес 43% од жени изјавиле дека водат љубов со своите партнери шест до дванаесет пати во месецот.
Број на сексуални партнери
Во 1990-тите, помалку од 50% од жени признале дека во просек имале околу шест партнери во текот на животот. Денес истата бројка ја споменале 50% од жени.
Колку често жените имаат оргазам?
Во 1993 година дури 33% од жени откриле дека ретко имаат оргазам, а овој број падна на 24% денес. Бројот на жени кои редовно доживуваат оргазам е само 20%.
Колку жени користат сексуални играчки?
Во споредба со 25% од жени кои користеле сексуални играчки во 1990-тите, денес ги користат дури 57%.
Колку жени ги кажуваат деталите за нивниот сексуален живот на своите пријатели?
Бројот на жените кои сакале да зборуваат за својот сексуален живот во '90-те изнесувал 56%. Денес ова го прават 71% жени.
Ашера | Црнобело