Машки секси потези кои жените ги доведуваат до лудило во кревет
Сите имаме ерогени зони, односно посебни места на телото, чија стимулација предизвикува силна возбуда. Меѓутоа, честопати момците или девојките не им ги откриваат на партнерите, очекувајќи тие самите да погодат што на нив им се допаѓа.
Низа припаднички од понежниот пол отворено проговореа на оваа тема, откривајќи што највеќе ги возбудува во постелата.
Па, ова се машките секси потези кои жените ги доведуваат до лудило во кревет:
„Потребна ми е долга предигра. Ако партнерот им посвети доволно време на моите гради, тогаш сигурно ќе доживеам оргазам. Целото тело ми затреперува, по што го молам да ме допира насекаде. “
„Доколку сум расположена за валкани игри, ме возбудува силното плескање по задникот, кадешто кожата е мошне осетлива. Вистина е дека боли, ама во мене буди невидена еротска хемија.“
„Има нешто во мојата клучна коска што може да ми го разбуди целото тело. Кога мажот ќе почне да ме бакнува на ова место, а потоа ќе продолжи долж вратот, јас се палам за три секунди.“
„За време на оралниот секс, највеќе посакувам партнерот да продре со прстите и да ми ја измасира G-точката. Тоа ме полудува, но многу малку од мажите со кои досега сум спиела, успеале да го изведат како што треба.“
„Ако десетина минути ме допира од внатрешната страна на бедрата, не ќе мора потоа претерано да се труди.“
„Обожавам кога се допираме усни на усни. Нежно да се грицкаме еден со друг, или, пак, да си ги милуваме со прстите. Мислам дека ова е најсензуален начин за почеток на сексуалната игра.“
„Знам дека звучам како тинејџерка, ама ништо не ми е повозбудливо од триењето на нашите тела. Така полека се возбудувам, а некогаш дури и свршувам само од тоа.“
„Убаво ми е кога партнерот ме допира и бакнува по вратот, брадавиците, ушите и стомакот.“
„Устата е мојата слаба точка. Повеќе ќе ме запали доминантен маж со разигран јазик, одошто некој што веднаш ќе ја спушти раката кон гаќичките. Обожам бавно и длабоко бакнување.“
„Најчувствителни ми се страничните делови од телото. Се губам кога партнерот полека проаѓа со рацете од пазувите до колковите. А, уште подобро е ако на крајот ме згапчи под грбот и ме крене кон себе.“
М. А. | Црнобело