Зошто е добро понекогаш да ја покажете својата ранлива страна во врската?

Чувствителноста ја бие лош глас бидејќи никој не сака да биде кршлив. Но, во исто време е и многу ризично да му се даде неконтролирана предност на егото.

kako-da-ì-kazhete-na-lichnosta-koja-ja-sakate-kako-se-chuvstvuvate-bez-da-pochnete-kavga-01.jpg

Но, без ранливоста, ниту една врска не е врска. Кога личноста е ранлива, тогаш е јасно дека љубовта лежи во срцето и во способноста да се креира длабока интимност и долготрајна доверба.

Што е ранливост и што значи да се биде ранлив?

По дефиниција, ранливоста е сотојба во која сме изложени на потенцијално физичко или емоционално повредување. Ранлива личност е онаа која е изложена на некаков напад или повреда, било да е физичка или емоционална.

Како ова влијае врз љубовта?

Кога на партнерот ќе му покажете дека имате и ранлива страна, тогаш всушност му оставате простор да ви ја открие и неговата емотивна страна и да се претвори во најдобрата личност за вас.

Мислете на тоа вака: Кога вашите пријатели ви доверуваат тајна, тогаш вие се чувствувате почитувано и почестено, бидејќи со тоа ви даваат до знаење дека ве ценат и ви веруваат. Многу веројатно, ваквото нешто го зацврстило вашето пријателство.

kako-da-ì-kazhete-na-lichnosta-koja-ja-sakate-kako-se-chuvstvuvate-bez-da-pochnete-kavga-02.jpg

Тогаш замислете како кога вашиот партнер би ги знаел вашите кршливи страни, а и вие неговите, би можел да креира уникатна романтична врска која уште повеќе ќе ве зближи.

Споделувањето на своите емоции со партнерот е многу важно. Тоа ви дозволува да создадете интимност на повисоко ниво и да ја подобрите врската. Иако можеби ви се чини дека на овој начин им давате неограничена моќ врз вас, тоа не е целосна вистина, бидејќи постојат и оние кои нема да ги употребат вашите слабости против вас.

Секако, за ова да биде успешно треба да се одвикнете од тоа да заземате дефанзивен став во расправиите, да научите да ја прифатите грешката и да се извините, но и поотворено да зборувате за она како се чувствувате.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
Помалку очигледни знаци дека ја привлекувате личноста што ви се допаѓа Често трепка кога зборува со вас и ги крева веѓите кога ќе ве здогледа – неретко...
6 знаци дека сте во здрава врска исполнета со љубов Не сте љубоморни ако партнерот отиде на патување без вас и покажувате разбирање ...
Знаци дека некој се вљубува во вас на прв поглед, според експерт за говор на тело Разговара со вас, а погледот ѝ шета од очите до усните... Кои знаци ја издаваат ...
4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg