Дали да ги избришете сликите со бившиот?
Раскинувањето носи многу промени во животот, особено ако врската била долга и парот веќе имал заеднички воспоставени навики, пријателства и активности.
Не можат лесно да се избришат трагите дека таа врска постоела, особено со сите тие објави на социјалните мрежи, заедничките фотографии и објавите кои излегуваат во „Facebook memories“.
Бришењето на овие фотографии создава нов слој на неудобност во целата ситуација и можеби за почеток е добро само да ги скриете од вашите пријатели, а кога ќе бидете подготвени и да ги избришете. Во тој момент се случува и прифаќањето дека сè е готово и дека шансите за смирување веќе се драстично намалени, а ако не и исчезнати.
Најважното прашање кое треба да си го поставите е дали се чувствувате полошо или ви е сеедно кога ќе видите заедничка слика. Неговиот одговор ќе ви каже дали треба освен од социјалните мрежи, да ги избришете сликите и од мобилниот телефон.
Секогаш можете да ги сочувате во некоја папка, па дури и во онаа со претходните бивши партнери и со тек на време да се потсетувате дека тие луѓе во даден момент ве сакале и посакувале и да се чувствувате добро поради тоа.
Но, ако присутноста на вашиот поранешен партнер на социјалните мрежи и понатаму ви отвора рани, крајно време е неговите или нејзините објави да одат на „hide“, а мемориите, како што се појавуваат така да ги бришете од својот профил. Можете и да ги отстраните сите тагови кај објавите кај другиот и на тој начин да направите и една дигитална чистка во однос на старата љубов.
Секое раскинување е исчекор кон иднината која сигурно ви носи нешто подобро, затоа поранешниот партнер оставете го таму каде му е местото - во минатото, заедно со сите фотографии кои се скриени во папка во вашиот компјутер која сигурно со години нема ни да ја отворите.
Е. Д. | Црнобело