Кои сè граници треба да ги поставите со вашиот „пријател со привилегии“?
Да се одржува здраво пријателство со привилегии е прилично комплицирано бидејќи секогаш постои ризикот едниот да се вљуби. Затоа треба да се постават граници.
Корисници на Редит во рубриката „AskWomen“ споделија свои искуства, претежно жени и како тие успеале да се справат со ситуацијата на привилегирано пријателство.
Исто така, читајте и фаќајте прибелешки, бидејќи може да ви притребаат:
Не се држевме до договорот
Една од точките на договорот беше кога едниот ќе почне да чувствува, да признае и да се разделиме. Ниеден од нас не призна на глас. Сега сме венчани. Очигледно не знаевме да се носиме со пријателството со привилегии.
Нема претставување пред пријатели
За мене привилегираното пријателство е кежуал состанување и секогаш држење до тоа дека не е ексклузивно и нема да премине во ништо сеирозно. Некогаш и излегуваме заедно, а најчесто се претставуваме како пријатели. Засега функционира, иако не сме си првиот избор кога треба да се сподели нешто важно и ново.
Пишување пораки сведено на минимум
Си пишуваме само кога треба да се договориме за секс или за излегување кое ќе заврши со секс. Не дека ми пречи повеќе контакт, но ако дозволам почеста комуникација лесно ќе се навлечам на него.
Половото здравје пред сè
Мојот пријател со привилегии е моето поранешно момче. Не функциониравме како пар, но сексот е одличен и решивме да продолжиме. Единствено правило е додека е со мене, да нема секс со други девојки, бидејќи половото здравје е најважно. Ако најде нова, треба веднаш да си замине.
Го почитуваме тоа што не сакаме врска
Разговараме, си пишуваме, си разменуваме фотографии и си го раскажуваме денот. Имаме одличен секс и се гушкаме после тоа, но засега, ниту еден од нас не е спремен за врска. За среќа и двајцата го почитуваме тоа.
Сексот во фокусот
Зборуваме и си пишуваме пораки, но дури и во нив фокусот е на сексот.
Нема состаноци надвор од дома
Имам двајца пријатели со привилегии. Не е дозволено никакво пречекорување на границите од спалната соба, нема дури ни преспивање. Сето тоа ги избледнува поставените граници и ситуацијата станува комплицирана.
Нема бакнување
Имаме одличен секс, се бакнуваме за време на секс, но пред или потоа, тоа не е дозволено.
Тајноста е најважна
Мојот пријател со привилегии е тајна дури и за најдобрата пријателка.
Е. Д. | Црнобело