Дали сте подготвени да почнете заеднички живот со партнерот?
Ваква одлука се носи со трезвена глава и максимална самодоверба, без оглед на сите останати околности.
Постојат многу причини зошто пар што е подолго време заедно треба да започне заеднички живот. Ако сè води кон заедничка иднина, тогаш овој чекор е сосема логичен.
Најпрво, се намалуваат трошоците, а е и голем чекор напред во врската.
Сепак, многумина се двоумат во однос на ова и со право, бидејќи заедничкиот живот е голем предизвик за парот, но и тест на стабилноста на врската.
Овие знаци ќе ви помогнат да препознаете дали сте подготвени на тоа:
Во ред сте со моментот на приватност
Дури и кога сте пар што има поделено многу заеднички моменти и интимности, потребен ви е и на двајцата приватен простор. Но, сметајте на тоа дека кога делите ист простор за живеење, ова може да биде и мал проблем.
Затоа и треба да бидете подготвени дека ќе имате помалку приватност во случај кога се вселувате заедно.
Не се уморувате еден од друг
Дури и кога распоредите на обврските ви се целосно спротивни, вие не се уморувате еден од друг. Но, дали максимално ангажирани партнери би можеле да функционираат во заедница?
Доколку има можност, најпрво обидете се да престојувате еден кај друг одреден период и видете како ќе функционирате.
Имате живот надвор од врската
Ако ова ви е одлично избалансирано и додека не живеете заедно, не би требало да биде проблем ни откако ќе се вселите во заеднички дом. Но, ако имало проблеми досега, можно е по вселувањето уште повеќе да се интензивираат, особено затоа што има луѓе кои премногу буквално го сфаќаат моментот на заеднички живот и мислат дека сè друго треба да престане.
Ако сте во ред со пријателите и семејството на другиот
Семејството и пријателите се клучен дел од заедничкиот живот на парот кој планира иднина. Доколку вие сте во ред со сите нивни пријатели и знаете дека и од другата страна е така, а истото важи и за семејствата, тогаш нештата се под контрола.
Но, ако имате конфликт или непријатност со само еден од нив, веќе постои проблем што ќе треба да се надмине пред да стане поголем.
Свесни сте за нивната специфична страна
Сигурно не сакате многу големи изненадувања откако ќе се вселите заедно. Дали 'рчи? Дали џвака гласно? Дали сака да прави журки по дома? Бидете свесни за сите овие нешта пред воопшто да планирате заеднички живот и како вие се чувствувате во однос на нив.
Имате слични планови за иднината
Сличните или заедничките планови за иднината, кои е сè поизвесно дека ќе се остварат, се јасен знак дека сте подготвени за заеднички живот. Уште ако имате и слични интереси и животни принципи, тогаш веќе ги исполнувате најголемиот дел од потребните критериуми.
Е. Д. | Црнобело